Две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката. Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен во обезбедувањето на банката како жив штит и побегнал зад аголот од банката. Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале покрај Ерсте Банка, кога случаен минувач ги предупредил дека нешто се случува во банката.
Откако го запреле полициското возило, разбојникот излегол држејќи вработен во обезбедувањето на банката како жив штит и побегнал зад аголот од банката. Полицијата се обидела да го предупреди пукајќи во воздух, но разбојникот ги игнорирал предупредувањата. Како што пишуваат медиумите, обезбедувањето успеало да се оттргне и да и да побегне, а разбојникот почнал да пука во полицајките, по што бил убиен во престрелката. По случајот, хрватската полиција излезе со кусо соопштение во кое се наведува дека до пукањето дошло во моментот кога насилникот излегувал од банката и забележал две полицајки и потврди дека мажот е убиен. Извор: Новинска агенција МЕТА