Вчера во 23.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Петровец, од патничко возило во движење, биле испукани неколку куршуми. Полициски службеници од Полициското одделение Петровец извршиле увид на местото на настанот и подигнале седум чаури од гасен пиштол за понатамошна постапка, известија од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.