Во полициские архиви уште во ноември 2022-ра била доставена проблемска информација за инцидентите, кривичните дела и прекршоците кои се поврзани со кобното кабаре „Пулс“, објави КОД. Во таа полициска проблемска информација имало и предлог да се одземе лиценцата на кабарет, но пет месеци подоцна повторно е издадена.
Од полициските редови, досега има само седум осомничени за дела поврзани со кабарето во Пулс, а никој од началниците кои биле на функција кога се случи пожарот досега не е осомничен за пропустите. ОВР Кочани поднело проблемска информација до СВР Штип и имало наведено какви мерки требада преземе СВР Штип и Министерството за економија, односно дека најдобр е дискотеката да се затвори и да не и се издава веќе лиценца.