epa10336061 Russian President Vladimir Putin delivers a speech at the 10th National Congress of Judges, in Moscow, Russia, 29 November 2022. EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT
Владимир Путин бара писмено ветување од западните лидери дека НАТО нема да се шири кон исток, како еден од условите за крај на војната во Украина, изјавија три добро упатени руски извори за „Ројтерс“.Откако разговараше со Доналд Трамп минатата недела, Путин кажа дека Русија спрема меморандум кој ќе ја утврди рамката на можен мировен договор. Документот е во фаза на изработка и Русија засега нема потврдено кога би бил готов. Киев и европските влади ја обвинија Русија за одолговлекување, додека нејзините трупи напредуваат на фронтот.„Путин е подготвен да склучи мир, но не по секоја цена“, изјави еден руски извор.
Трите извори за „Ројтерс“ кажале дека Путин бара писмено ветување од западните сили дека НАТО нема да се шири кон Украина, Грузија, Молдавија и другите бивши советски републики. Исто така, Русија сака Украина да биде неутрална и бара укинување на дел од западните санкции, решение за проблемот со замрзнатите руски средства и заштита на руските говорници во Украина.
„Русија сака писмено ветување за НАТО затоа што Путин мисли дека Москва била заведена од САД по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, кога американскиот државен секретар Џејмс Бејкер го уверил советскиот лидер Михаил Горбачов дека НАТО нема да се шири кон исток“, кажаа два извора.Еден извор изјави дека ако Путин сфати дека не може да постигне мировен договор под свои услови, тој ќе им покаже на Украинците и Европејците дека „мирот утре ќе биде уште поболен“.
Путин и руските функционери постојано велат дека секој мировен договор мора да ги реши „основните причини“ на конфликтот, под што најчесто се подразбира проширувањето на НАТО. Украина смета дека на Русија не треба да ѝ се даде право на вето на нејзините аспирации да се приклучи на НАТО и дека западот треба да ѝ даде силни безбедносни гаранции за да се одврати секој иден руски напад.Русија моментално контролира околу една петина од Украина. Покрај тоа, Володимир Зеленски предупреди дека Русија планира офанзива во североисточниот регион Суми, за што има подготвено 50.000 војници. Целта на Путин била да создаде тампон зона во овој дел од Украина за да се заштити рускиот регион Курск