Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, многу брзо ќе воспостави ред и дека европските елити „ќе застанат пред нозете на господарот“ и „ќе ги свијат опашките“.
– Ве уверувам, Трамп, со својот карактер, со својата упорност доста брзо ќе воспостави ред таму. И сите, ќе видите, брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на господарот и малку ќе ги свијат опашките, рече Путин во интервју за каналот Телеграм. Тој додаде дека наскоро се ќе си дојде на свое место. Во интервјуто Путин го критикуваше одбивањето на Европа да ја покани Русија да го одбележи ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, што се наоѓа во Полска.