Ова е трета средба меѓу Путин и Виткоф оваа година, а ден претходно, Трамп на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од потрошеното време на преговори. Американскиот пратеник Стив Виткоф вчера се сретна со Владимир Путин во Санкт Петербург, додека американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател „да продолжи напред“ за прекинот на огнот во Украина. Според соопштението на Кремљ, средбата траела повеќе од четири часа, а главна тема биле „аспектите на украинското решение“.
Ова е трета средба меѓу Путин и Виткоф оваа година, а ден претходно, Трамп на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од потрошеното време на преговори. „Русија мора да се активира. Премногу луѓе умираат, илјадници неделно, во страшна и бесмислена војна,“ напиша Трамп. Претходно во петокот европските земји се договорија за воена помош од 21 милијарда евра за Украина, додека министрите за одбрана на ЕУ изјавија дека не гледаат знаци за крај на војната. Извор: Новинска агенција МЕТА