Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да разговара со никого освен со Путин, кој ги предложи преговорите. Зеленски ќе биде во Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган. Рускиот претседател Владимир Путин испрати советници и заменик-министри на мировни преговори со Украина во Турција. Не е јасно како ќе одговори Украина, пренесува Ројтерс. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека не е подготвен да разговара со никого освен со Путин, кој ги предложи преговорите. Зеленски ќе биде во Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган.
Двете страни последен пат одржаа разговори лице в лице – исто така во Истанбул – во март 2022 година, само неколку недели откако Путин ја испрати својата армија во Украина. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека и тој би можел да оди во Турција доколку таму биде и Путин, но американски официјален претставник рече дека тоа сега нема да се случи. Отсуството на руските и американските претседатели ги намалува очекувањата за голем пробив во војната. Ќе ве информираме за најновите случувања штом ги добиеме. Трамп е отворен за секој механизам што би довел до мир во Украина, изјави Рубио. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави во четвртокот дека Трамп е отворен за секој механизам што би резултирал со праведен мир во војната меѓу Русија и Украина. Рубио, зборувајќи пред неформалната средба на министрите за надворешни работи во Турција, рече дека САД сакаат да видат напредок во наредните неколку дена. Тој додаде дека не постои воено решение за конфликтот. Трамп изјави во дека би присуствувал на руско-украинските преговори во Турција во петок „доколку е соодветно“. Зборувајќи во Доха, тој исто така рече дека војната мора да престане.