Рускиот претседател Владимир Путин денеска за време на средбата со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва изјави дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.
„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече тој, пренесе „Известија“. Путин истакна дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.