Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека таков директен разговор би бил корисен, но дека треба да се подготви. Дневен хороскоп за 19 јуни: Ве очекуваат нови предизвици на работното место
Путин истакна дека „се додека се создаваат услови за обновување на односите“ меѓу Русија и САД, Москва е подготвена да го задржи овој тренд, пренесе РИА Новости.
Рускиот претседател оцени дека немало да има руско-украински конфликт доколку Трамп победил на изборите во 2020 година и дека сегашната ситуација е последица на одлуките на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден. Путин изјави дека во еден од неговите последни разговори со Бајден го предупредил поранешниот американски претседател за опасностите од неговата политика во однос на Украина.