За време на преговорите за Украина, рускиот претседател Владимир Путин не попушти пред претставниците на спротивната страна за ниту едно важно прашање. Ова го пренесува весникот Тајмс.
„Досега видовме само разговори меѓу Украина и нејзините западни сојузници за тоа дали мирот е можен во принцип и како може да се гарантира. Претседателот Путин со своите зборови го поддржа договорот, но не отстапи за ниту едно важно прашање“, наведуваат авторите на написот. Беше нагласено дека Москва има свои причини „за промена на пристапот“. За разлика од Русија, во написот се споменува дека Владимир Зеленски првично одбил да го поддржи суверенитетот на Русија над новите региони, но на крајот се согласил дека Киев нема да може да ги врати изгубените територии со сила. Претходно, разговорот на Путин со Трамп беше наречен чекор кон лична средба со претседателот. Прес секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков истакна дека до тој момент Москва и Вашингтон ќе се соочат со тешки технички преговори, пренесува Спутник.