Се договоривме со претседателот на САД дека Русија ќе предложи и е подготвена да соработува со украинската страна за меморандум во врска со можен иден мировен договор со дефинирање на голем број позиции, како што се, на пример, принципите на решавање, временската рамка на можен мировен договор и така натаму, вклучително и евентуално прекин на огнот за одреден период доколку се постигнат релевантни договори“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со својот американски колега Доналд Трамп, јавија руските медиуми.
Тој додаде дека „во разговорот, Трамп го изразил својот став за прекин на непријателствата во Украина“. „Русија поддржува мирно решавање на украинската криза. Од моја страна во разговор споменав и дека Русија исто така поддржува мирно решавање на украинската криза“, рече Путин. За Путин телефонскиот разговор со американскиот претседател беше значаен, искрен и многу корисен. „Би сакал да напоменам дека разговорот беше многу информативен и многу искрен. И генерално, според мене, многу корисен во овој поглед“, рече рускиот претседател. Тој додаде дека се продолжени контактите меѓу учесниците на состанокот и преговорите во Истанбул, а тоа дава „причина да веруваме дека, генерално, сме на вистинскиот пат