Путин повика на зачувување и зајакнување на кохезијата на руското општество и потсети дека на 9 мај земјата ја прослави 80-годишнината од Победата во Големата патриотска војна, пренесува ТАСС.
„Борејќи се за слобода, нашиот народ покажа инспиративен пример за единство и патриотизам. А зачувувањето на сеќавањето на храброста и достигнувањата на генерацијата победници има огромно морално, социјално и државно значење за нас, за нашата иднина“, рече шефот на државата.Системската работа на историското образование и борбата против фалсификувањето на историјата мора да продолжи, додаде претседателот.„Мислам дека ова е многу важно“, заклучи Путин.