Скајп се префрла на „Microsoft Teams Free“ каде сите ваши контакти и чатови ќе бидат автоматски префрлени, за ова веќе има нотификации на сите уреди на кои имате користено Skype. Од 5 мај познатата и популарна апликација Skype е повлечена од комапнијата Мајкрософт. Оваа апликација со децении беше користена како „видеофон“ за бесплатна телефонска и видеофон комуникација, во Македонија најчесто се користеше за комуникација со роднини и пријатели во странство. Со скокот на технологија и преголемата употерба на мобилните телефони за истата намена, особено за комуницирање преку нив со помош на вградените софтвери за видео комуникација, Скајп стануваше непотребна апликација.
Мајкрософт дадоа неколку предупредувања пред да ја повлечат и затворат апликацијата. Бесплатна верзија повеќе не пости, но бизнис верзијата ќе продолжи да функционира за тие што плаќале пред затварањето и нема да има можност за отварање нови бизнис акаунти иако претходните ќе добиваат континуирана поддршка и одржување. Скајп се префрла на „Microsoft Teams Free“ каде сите ваши контакти и чатови ќе бидат автоматски префрлени, за ова веќе има нотификации на сите уреди на кои имате користено Skype. Skype беше навистина корисна програма за сите генерации, лесна за користење, но и доста ефикасна за сите на кои што им беше потребно комуницирање преку видео формат и преку камериа. Извор: Новинска агенција МЕТА