Во тешка несреќа на градилиште во Германија што се случила во понеделникот вечерта, 31-годишен државјанин на Македонија се здобил со сериозни повреди откако бил приклештен меѓу бетонски ѕид и градежна машина во индустриско претпријатие во австриската општина Едт кај Ламбах, јавија локалните медиуми.
Инцидентот се случил околу 19 часот, кога полицијата добила пријава и веднаш се упатила на местото на настанот. При пристигнувањето, полицајците затекнале тешко повреден работник, кој со ногата бил приклештен од машината тешка над 15 тони, со која управувал уште еден работник од Македонија, кој е на 26-годишна возраст. По итната интервенција на медицинските служби, повредениот бил стабилизиран и со хеликоптер на итната медицинска служба „Мартин 3“ пренесен во Ургентната болница во Линц. Надлежните органи го истражуваат случајот за да утврдат како дошло до несреќата.