Солза Грчева соопшти дека се пишува нов закон за студентска работа, на која работи и таа самата. Најавува дека со него ќе се реши проблемот со вработување студенти на црно.„Пишуваме нов Закон за студентска работа.Со тоа ќе решиме долгогодишен проблем на вработување и искористување на студентите со работа на “црно”.
Истовремено, на студентите ќе им го направиме поквалитетен студентскиот живот, а работодавачите ќе бидат стимулирани да ги вработуваат на привремена работа.Паралелно со Законот, правиме web страна со берза на нивни вработувања и опис на секое работно место.Со овој проект нашата канцеларија интензивно се бави повеќе месеци.
Вклучени се 7 министерства (Образование, Економија, Финансии, Правда, Социјала, МВР, Технологии) како и Стопанска комора, Студентски организации, Агенција за вработување, УЈП, Фонд за здравство, Фонд за пензиско, Народен правобранител, претставници на Влада, професори…
Веќе во септември ќе го имаме нацрт Законот, кој ќе биде презентиран на медиумите и ќе оди на јавна расправа.Само темелна, инклузивна и транспарентна работа ги решава натрупаните системски проблеми!Мораме да се бориме и со подобрување на студентскиот живот и стандард, да го намалиме одливот на младите.Ова е благородна работа, во која навистина уживам и јас и сите вклучени во проектот“, напиша тој.