Прес канцеларијата на бугарскиот претседател Румен Радев излезе со соопштение за медиумите откако претходно оваа недела беше објавен напис во весникот „Индипендент“ во кој се тврди дека „еден од Бугарите обвинети за шпионирање за Русија пред судот изјавил дека „има врски со претседателот“. „Тврдењата на бугарските граѓани кои се под истрага за шпионажа во Обединетото Кралство за нивните врски со „највисоките ешалони“ на власта во Бугарија, со кои и самите се фалеле во нивната комуникација, не се засноваат на никакви факти и се толку апсурдни колку и манипулативната злоупотреба со нив“, стои во официјалното соопштение од прес-центарот на шефот на бугарската држава.
Оттаму потсетуваат дека надлежните бугарски безбедносни служби, кои тесно соработуваат со британските колеги на случајот, „пред само еден месец како одговор на барањата на медиумите и пратеникот во парламентот објавија дека немаат информации за потврда на наводите на врските меѓу истражените лица за шпионажа во Британија со политичари од Бугарија. Соопштението од кабинетот на Радев е испратено како одговор на прашањата испратени од весникот „Индипендент“, посветена на размената на забелешки меѓу обвинителот и обвинетите во случајот за шпионажа против бугарски државјани во Обединетото Кралство.