„Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага за се што е потребно. Очекуваме македонската страна околу 10.30 часот да одлучи дали има потреба да се преземат уште 10 лица. „Спартан“ и медицинските екипи се подготвени. Ќе продолжиме да даваме помош“, изјави утрово бугарскиот претседател Румен Радев кој се потпиша во книгата на жалост која е отворена во Амбасадата на Македонија во Софија. Радев изјави дека двата народи треба да се потпираат еден на друг.
„Оваа трагедија покажува дека и двата народи мора да се потпираат еден на друг, но не само во вакви денови како денешните- заради нашата заедничка европска иднина“, рече Радев.
Денеска во Бугарија е ден на жалост поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ каде досега, според официјалните информации, животот го загубија 59 лица.