Бугарскиот претседател Румен Радев ја обвини владата дека за разлика од него, таа не се бори доволно за националните интереси.Вели дека во времето кога ја претставувал Бугарија во Европскиот Совет и за време на привремените влади, не можело ниту да се помисли за таков став кон Бугарија.
„Не само што не дозволивме легитимирање на македонизмот со започнување преговори за членство во ЕУ, туку за прв пат го покренав прашањето пред нашите партнери дека таа земја има Бугари и тие имаат права. Сега гледаме дека не само што одбраната на националниот интерес од страна на владата не е на потребното ниво, туку ова го поставува и прашањето дали тие се свесни што точно е нашиот национален интерес во однос на Македонија и како се брани. За мене е загрижувачки што бугарските политичари и партии не можат да го наметнат нашиот национален интерес и визија во своите политички семејства“, рече Радев.
Односите меѓу двете земји пак се вжештија.Мaкедонскиот шеф на дипломатијата, Тимчо Муцунски вели дека Софија е влезена во опасен наратив, спротивен на стратешките интереси на ЕУ и НАТО. Тој денеска ја повика Бугарија да се однесува рационално.