21.8 C
Скопје
09/05/2025 15:37
МАКТЕЛ

     

Радоста од меѓусебното запознавање

      

Големиот географски регион Македонија, кој сега се наоѓа во неколку држави, изобилува со тажни бегалски приказни. За да ги сознаеме, треба да градиме мостови меѓу нас кои се посилни од границите. Пишува Кица Колбе. Навистина, полн со радост поради меѓусебното запознавање беше духот во кој од 11 до 12 април се одржа втората грчко-македонска конференција во Скопје. Темата беше  „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“. Овојпат организатор и домаќин беше Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при УКИМ. Првата конференција се одржа на 14 декември на универзитетот во Солун, во организација на Катедрата за словенски, балкански и ориентални јазици, со што почна остварувањето на визијата за  научна и културна соработка меѓу македонските и грчките научници, уметници и интелектуалци. Затоа во Солун се говореше, пред се‘, за перспективите на културната соработка и за македонскиот јазик. Солунската конференција беше значајна бидејќи го испиша првото поглавје во соработката на двата универзитета, која до пред неколку години беше незамислива.

Тоа што со години универзитетите во двете соседни земји немаа ваква интензивна соработка се должеше на реалната, „видлива“, и на имагинарата, „невидлива“ граница меѓу двете држави и меѓу двете култури. Вторава граница беше плод на меѓусебното непознавање на двата соседа. Затоа со право  во фокусот на двете конференции беше надминувањето на границите со литературниот превод. Притоа, дека одамна имаше потреба од таква соработка говори фактот што конференцијата во Солун  траеше само еден ден, а оваа во Скопје два дена, како што и бројот на учесниците во Скопје беше двапати поголем. Во Солун имаше десетина референти од двете земји, во Скопје дваесет. Тоа беше јасен сигнал за големата  желба на научниците, писателите, лингвистите и преведувачите од двете страни на границата да се запознаат и да сведочат за своите проекти и искуства.

   

Ниту Рим не е изграден за три дена Секако, двете конференции се само почетокот на посакуваната интензивна и трајна соработка, ама ниту Рим не е изграден за три дена, та затоа е важно е во кој дух се одвива соработката од првиот миг. А тој беше навистина  оној на радоста на најблиските соседи кои четири децении живееле едни крај други, не запознавајќи се, затоа што оградата која ја поставила политиката меѓу нив беше толку висока, што им спречуваше да се видат. Се разбира, Македонците и во Југославија одеа на „шопинг“ во Солун и на одмор во Халкидики, но многу ретка беше соработката на официјално ниво меѓу луѓето од културата и науката од двете земји. Еден од грчките учесници во Скопје, професорот по антропологија во Солун, Јанис Манос, уште во 2018 раскажува за германската редакција на Дојче Веле за своите дваесет години „неофицијална“ соработка со Институтот за антропологија во Скопје, затоа што официјалната тогаш уште не беше востановена. На конференцијата на балканските  студенти во 2018, тој истакна:„Нашите доживувања покажуваат дека елементите кои не‘ поврзуваат се многу побројни од оние кои не‘ разделуваат. Значи, доколку го поставиме фокусот  врз сличностите, би можеле многу поедноставно да ги надминеме проблемите кои во моментот го спречуваат  нивното надминување.”

Скопје беше домаќин на втората грчко-македонска конференција на тема „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“.
Скопје беше домаќин на втората грчко-македонска конференција на тема „Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите“.Фотографија: DW/A. Feilcke

Истото уверување тој го истакна и на конференцијата во Скопје. Затоа, за него, роден во Лерин, со извонредно познавање на македонскиот литературен јазик, кој во 2004 во Хамбург докторирал на темата „Визуализирање на културата: прославите со танци и политиката на идентитетот во граничното подрачје во Северна Грција,” не беше изненадување што и конференцијата  во Скопје, како и таа во Солун, започна   со песната. Впрочем, музиката е универзалниот јазик на кој не му треба превод. Таа со тоа ја разобличува секоја затворена граница како  нехумана и анахрона. На конференцијата во Скопје, тоа го потврди македонската пејачка Вера Милошевска-Јосифовска со изведбата на една грчка и една македонска песна.Иако често пишувам дека книгите паметат подолго од спомениците, а со преводот  ги преминуваат  и најзатворените граници, кога по неколку минути по првата нумера прозвучи чудесниот глас на Вера Милошевска – Јосифовска   со зборовите на песната „Разболе ми се Калина“, која мајка  ми Лета Барџиева  првпат ја испеа во соло-изведба  во седумдесеттите во Радио Скопје,  ми стан јасно дека мајка ми и сите други пејачки во групите „Бапчорки“, „Воденки“ и „Костурчанки“ пред речиси пет децении го исполнија со живот тој проект, кој  сега  ние, нивните деца и внуци, почнуваме да го  промислуваме и на научен и литературен начин. А тој проект е  надминувањето на границите со силата на творештвото, на уметноста, на преведувањето  и на колективното паметење. Кога мајка ми  по 50 години од бегството, во 1997 беше во  Бапчор, во Лерин  и во Костур, луѓето ја препознаваа, затоа што ја гледале на македонската телевизија. Ми стана јасно дека таа, со нејзината несекојдневна дарба да ги памети мелодиите на десетици песни кои ги пеела во младоста во Бапчор, уште во седумдесеттите во Југославија сведочеше дека секоја граница е немоќна да ја запре песната.

Затоа овој напис за конференцијата не  е новинарски извештај, бидејќи пишувам како јас ја доживеав. Со тоа сакам да го истакнам  оној нејзин аспект, кој не  беше видлив за учесниците што немаат егејско потекло. И конференцијата во Солун и таа во Скопје ги доживеав многу емотивно. Во есејот што го прочитав на конфернцијата пишував за копнежот на прабаба ми  по нејзината црешова градина на Вичо планина, но и за истиот копнеж по нивните црешови градини крај Црното море на „просвигите“, на грчките бегалци од Мала Азија по 1923 година. Сакав да укажам на сознанието, кое за тие што никогаш не биле бегалци често е недостапно: траумата од војните и од бегалството е секогаш иста, од двете страни на границата. Тоа ми го потврди една Гркинка на конференцијата, чија баба потекнувала од „Градот на црешите“ на брегот на Црното море, за кој зборував во есејот. Еден друг грчки колега, чии предци исто биле бегалци од Мала Азија, ми раскажа колку е значајно да сведочиме меѓусебно за траумата на нашите предци-бегалци. за жал, во националните наративи и во националните идеологии  ги нема бегалските приказни, а и кога се споменуваат, тие немаат лице. Да ги имаше, можеби и реториката меѓу соседните народи ќе беше помирољубива.

Мостови кои се посилни од границите Имено, големиот географски регион Македонија, кој сега се наоѓа во неколку држави, изобилува со тажни бегалски приказни. За да ги сознаеме, треба да градиме мостови меѓу нас кои се посилни од границите. На ручекот во Чаршијата после конфернцијата, спроти мене седеше прекрасната поетеса од Грција, Марија Думпа, чија фамилија потекнува од селото Кајљари, а таа живее во Соботско. Таа, во еден миг, плачејќи ми ја раскажа приказната за нејзините дедо и баба, кои, откако  им биле сменети словенските имиња и презимиња со грчки, умреле со нив, без да си ги вратат словенските. А потоа јас, исто плачејќи, и‘ раскажав дека моите баби, моите родители и помлади роднини, со бегството преку границата од Грција во Југославија си ги вратија словенските, крстени имиња, но затоа ги загубија засекогаш куќите, татковината и пристапот кон гробовите на предците зад границата.

Првата македонско-грчка конференција се одржа во Солун во декември 2024 година и главно се однесуваше на перспективите на културната соработка и за македонскиот јазик
Првата македонско-грчка конференција се одржа во Солун во декември 2024 година и главно се однесуваше на перспективите на културната соработка и за македонскиот јазикФотографија: picture alliance / NurPhoto

Кога двете плачевме, грчките колеги, особено тие што имаат малоазиско потекло, не‘ гледаа со големо разбирање, затоа што од своите фамилијарни биографии ја знаеја таа приказна. Додека полека чекоревме преку Камениот мост, Марија и јас си разменувавме сеќавања за чудесно благиот јазик  на нашите бапчорски и кајљарски баби, кој е толку близок со старословенскиот. Двете сознавме во тој миг дека ние, потомците на егејскиоте бегалци насекаде во светот, но и тие Македонци кои останаа во Грција, сме мостот кој на македонските и грчките граѓани денес може да им ги покаже перспективите кои ќе помогнат еден ден да се оствари вистинско пријателство меѓу македонскиот и грчкиот народ.

Во нас одекнуваа како најнежна музика гласовите на нашите егејски роднини, кои преку нас си ги раскажуваа доживувањата  на тие кои избегаа, како моите роднини, и на тие што останаа во Грција, како роднините на Марија. Од  Залечувањето на од војната и бегалството раскинатиот биографски  континуитет, за кој пишував  на една конференција во МАНУ за „Децата бегалци” уште во  1998,  почна да се испишува во нашето срце како горешто писмо на паметењето со љубов и почит. Веројатно само неколку дена порано некој варварски го „искорнал” рељефот од споменикот на „Децата бегалци” во паркот „Жена-борец” среде Скопје. Тоа горчливо сознание уште посилно ме увери во важноста на ваквите конференции, за кои сите учесници си посакаа како план за иднината уште поинтензивна соработка. Со неа  треба да се востановат форми за  научни средби и на студентите од двете земји. Духот на мирот навидум се чини премногу кревок во однос на варварството, како тоа со споменикот среде Скопје, но тој е посилен од него, затоа што музиката, книгите, науката и творештвото се паметењето на човештвото, кое ги преживува сите војни и сите варварски дела на човечката омраза.

    

Најново

Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?

Sase Ivanovski

НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ – профитот, сепак, растел побавно од претходната година

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери? Студијата ја открива слатката точка – и тоа не е она што мислите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ДВА ПАТИ СЕ ВИДОВМЕ СО МИЦКОВСКИ ОТКАКО СТАНА ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, НО ОЧИГЛЕДНО ЗА НИШТО НЕ СЕ РАЗБРАВМЕ

Sase Ivanovski

Реакција на прес-конференција на Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, одржан на 09.05.2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Реакција на денешната прес конференција на СДСМ од 09 мај 2025

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Родителите Благе и Катица ја заменија својата стара куќа со новоизграден дом во општина Старо Нагоричане – Ова е десетта куќа изградена од темел а досега се помогнати семејства со над еден милион евра

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче со честитка за Денот на победата над фашизмот и денот на Европа: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ од Москва: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski
Вчитувам....