🎯 Разбивање бариери, зголемување на продуктивноста!
🔎 Нашиот најнов Бриф 7️⃣4️⃣ открива клучни наоди за состојбата на жените во приватниот сектор во Северна Македонија
👩💼 Фирмите управувани од жени се поефикасни и продуктивни – тие имаат повисоки продажби по работник од фирмите управувани од мажи.
💼 Жените-сопственици на фирми, пак, се соочуваат со повеќе финансиски бариери и најчесто се присутни во сектори со пониска продуктивност (трговија, угостителство), што ја ограничува нивната експанзија.
💸 Во ‘женски’ фирми, врската меѓу продуктивноста и платите е посилна – кога продуктивноста расте, платите растат побрзо.
📊 ‘Женските’ фирми почесто нудат обуки, имаат помалку работни спорови и подобро управуваат со инспекции за здравје и безбедност. Истовремено, тие подобро се снаоѓаат во бирократските процедури и се помалку подложни на корупција.
📌 Што препорачуваме?
✅ Подобрен пристап до финансии за жени-претприемачи
✅ Поттикнување диверзификација во производствени сектори
✅ Обуки за вештини што ја зголемуваат ефикасноста
✅ Политики што ги поврзуваат платите со продуктивноста 📍Истражувањето е базирано на податоци од Анкетата за претпријатија на Светска банка за 354 фирми низ земјата.
🤝 За поконкурентна, правична и инклузивна економија – вложувањето во достојна работа за жените е вложување во заедничката иднина.