15.8 C
Скопје
10/05/2025 19:16
МАКТЕЛ

     

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

      

Дефинитивното разидување меѓу Арбен Таравари и останатите лидери на ВЛЕН му оди во прилог на Али Ахмети, бидејќи при ваков сооднос на силите ДУИ влегува како фаворит на локалните избори. Притоа, времето ќе покаже дали вистинската цел на Таравари е да постигне максимален личен изборен успех или да послужи како мост за враќање на Ахмети на власт. Во меѓувреме, Биљал Касами порача дека заминувањето на еден субјект отвора простор некој друг да влезе во ВЛЕН и патем најави зголемување на владиното мнозинство. Иако не прецизираше на кого мисли, сепак, јасно е дека алудира на Зијадин Села, кој имаше непријатна разделба со Таравари и моментално е дел од Европскиот фронт.

Поделбата на коалицијата ВЛЕН која настана по заминувањето на Арбен Таравари ја нарушува досегашната рамнотежа на силите во албанскиот политички блок и може целосно да ја промени динамиката на политичката сцена. Според сите јавно објавени анкети, но и според сондажите за внатрешнопартиски потреби, владејачката коалиција ВЛЕН има(ше) приближно ист рејтинг со опозициската партија ДУИ. Арно ама, таквиот сооднос сега сериозно се доведува во прашање, па слободно може да се каже и дека се нарушува, бидејќи еден од четирите субјекти веќе не е дел од албанската владејачка коалиција. Згора на тоа, треба да се има во предвид дека Таравари е политичар со највисок личен рејтинг после Али Ахмети, а неговата одлука да се приклучи кон ВЛЕН беше пресуден елемент оваа коалиција да извади поволен резултат на последните парламентарни избори.

Зошто Таравари сега одлучи драстично да го ослабне ВЛЕН во пресрет на претстојните локални избори, има неколку објаснувања. Според едната верзија, тој бил незадоволен од неговиот статус во ВЛЕН, кој досега функционираше на партнерска основа меѓу четирите субјекти – крилото на Алијанса за Албанците на Таравари, Демократско движење на Изет Меџити, Беса на Биљал Касами и Алтернатива на чело со Зеќирија Ибраими. Наводно, Таравари сметал дека треба да има водечка улога во блокот, бидејќи, меѓу другото, токму тој го донел поволниот изборен резултат кој му овозможи на ВЛЕН да го интерпретира како изборна победа. Меѓутоа, останатите партнери сметаат дека тоа е само изговор на Таравари, бидејќи, според нив, тој бил фаворизиран и на парламентарните избори со најмногу пратеници, а и сега му биле понудени 35-40 отсто од колачот при поделбата на градоначалнички и советнички места.

   

Затоа, тие се уверени дека потегот на Таравари е резултат на договор зад сцената меѓу него и Ахмети, чија цел е подобрување на позицијата на ДУИ на локалните избори. Имено, со самостоен настап на Таравари се менува целата слика, бидејќи интегративците сега се со најголеми шанси да победат во гласањето за советници, што ќе биде репер за реалната тежина на партиите, бидејќи во изборот за градоначалници можно е конечниот епилог да го одлучат разни политички пактови и комбинаторики. Сепак, се чини дека вистината е некаде на средина. Можеби Таравари навистина има некаков договор со Ахмети, меѓутоа веројатно одлучил да го следи сопствениот интерес, наместо да го следи интересот на ВЛЕН. Судејќи според последните избори, кога ВЛЕН победи во Тетово и Чаир, но загуби во Гостивар, можеби Таравари пресметал дека со него ВЛЕН ќе има има генерална победа или ќе извлече нерешено, но тој би излегол како губитник дома, во Гостивар, додека неговото присуство во коалицијата ќе им овозможи на останатите партнери да победат во своите средини.

На овој начин, прво со јавното истакнување на разликите меѓу него и останатите во ВЛЕН, а потоа и со дистанцирање од коалицијата, тој можеби го „убедил“ ДУИ да му го остави Гостивар и други општини. Дали ќе испадне така или не, ќе покаже времето, меѓутоа факт е дека Таравари и отворено се залага за соработка со сите, вклучително и со ДУИ, зависно од развојот на настаните во одредена општина. Во тој контекст, тој го спомена дури и ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, веќе јасно е разидувањето меѓу Таравари и другите лидери во ВЛЕН, но она што е нејасно е дали одредена неформална соработка за локалните избори ќе биде подготовка за целосен трансфер на Таравари во т.н. Европски фронт предводен од ДУИ, каде уште се наоѓа и другото крило на Алијанса за Албанците предводено од Зијадин Села? За потсетување, Таравари и Села имаа непријатна разделба пред изборите, но веќе јавно се поставува прашањето колку е можно обединување меѓу нив?

Веќе 90 посто од партијата се тука, 10 посто се останати. Пред 10 дена дојде градоначалникот на Врапчиште кој што беше во другата страна и се припои. Јас кажав дека нашата куќа, нашата фамилија е голема, за сите вратите се отворени, така што, кој сака нека повели, добредојден е – рече Таравари, кој на конкретно прашање дали тоа се однесува на Села рече: „Ако сака добредојден е, отворени се вратите“. Села, пак, одговори во објава на фејсбук, која гласи: „Според албанската традиција и обичајното право, домот не е едноставно место каде што живееш, туку тоа е име и идентитет. Дали вратата или куќата е голема или мала го прави сопственикот на куќата. Честа, довербата, даден и одржан збор и мажественост се атрибутите кои овој сопственик мора да ги има. А кога ги нема, тоа не се нарекува ни куќа ни врата, а камоли голема“. Од ваквиот одговор на Села може да се заклучи дека, барем засега, директно и официјално обединување меѓу Таравари и Села е далеку од возможно. Во таа насока, неодамна во интервју за „Фокус“ Села изнесе детали за неговиот однос со Таравари и причините за разделба. Како што рече Села, Таравари следел наредби од Христијан Мицкоски и неговата цел била целосно да ја снема Алијанса за Албанците.

 

-Ќе објаснам која е улогата на Таравари во целата приказна и затоа ја почнав тезата. Имавме заедно претседателски со парламентарни избори и внатре во албанскиот кампус тој водеше преговори со ДУИ дали да настапат заедно, дали ќе имаме заеднички кандидат за претседател или ќе поддржиме друг. Во врска со темата, ние разговаравме со Таравари.

 

Треба да сметаш дека што во ситуација кога сите партии, наши опоненти, ќе имаат свои кандидати и ние мора да имаме, нели. Кога се заедно изборите, исходот од претседателските многу го одредува исходот на парламентарните избори. Проценките во тоа време беа дека ВМРО ќе победи, но тешко дека ќе стигне до 50 пратеници.
Во таква ситуација, јас му велам на Таравари, ако мора, ако истакнат другите партии, и ние ќе истакнеме претседател. Дали ќе се кандидираш за претседател? Не, не, на никаков начин, беа неговите тврдења.

 

Од друга страна, кога има избори, најголемиот успех и победа е балансот меѓу партиите, бидејќи тоа гарантира слобода на граѓаните. Кога една партија добива апсолутна власт да немате двоумење дека се удира врз слободата на обичниот граѓанин. Сега тоа што фали, особено во македонскиот политички блок, е балансот меѓу ВМРО и СДСМ.
И без мое запознавање, Таравари истакнува кандидатура за претседател. Тоа значи дека и другиот опонент ќе истакне кандидатура. Целта беше албанските гласачи да се соединат околу кандидатите и во првиот круг на претседателските избори, две недели пред парламентарните, ВМРО да освои апсолутна победа и од тој момент со експоненцијално растење да го зголеми бројот на пратеници. И тоа се случи. Играчот на Мицкоски во овој план е Таравари – рече Села.

Како и да е, тоа не ја исклучува можноста Таравари и Села да делуваат на иста линија околу ДУИ, дотолку повеќе што, според неофицијални информации, во позадина посредува и албанскиот премиер Еди Рама, кој се залагал за унифицирање на албанскиот глас во земјава. Наспроти тоа, косовскиот премиер Албин Курти се уште го поддржува ВЛЕН, што најдобро може да се види од однесувањето на неговиот претставник Беким Ќоку, кој го нападна Таравари.

Одење со посебни листи за општински советници, освен што сериозно ќе ја ослабне коалицијата ВЛЕН, би го поделила и албанскиот глас. Четирите партии на ВЛЕН, поединечно, се уште се мали во однос на ДУИ. Само нивното обединување заедно со факторот Самоопределување ги прави конкурентни и доволно силни за да триумфираат на следните избори – објасни Ќоку, а пораки на иста линија упатија и Меџити и Ибраими. Сличен став има и Касами, кој веќе по вторпат интригантно порачува дека можно е засилување на ВЛЕН и зголемување на парламентарното мнозинство. Односно, откако пред неколку дена во интервју за Радио Слободна Европа рече дека ако Таравари замине од ВЛЕН се отвора простор некој друг да влезе, денес изјави дека владиното мнозинство е стабилно и најави дека е можно да се зголеми.

Не верувам ниту дека има елементи за предвремени избори, бидејќи парламентарното мнозинство е постабилно од кога било, иако имаме информации дека има политички субјекти и поединци кои се дел од опозицијата кои се подготвени да влезат во власта – рече Касами, кој најави дека ќе иницираат репреговарање на владиното партнерство со премиерот Мицкоски, откако Таравари замина од ВЛЕН.

Тој не прецизираше на кого мисли кога рече дека „поединци од опозицијата се подготвени да влезат во власта“. Иако „Фокус“ го праша дали мисли на Села, од причина што и дел од медиумите, како ТВ 21, неодамна објавија дека ВЛЕН ќе отвори канали за комуникација со Села ако се разидат со Таравари, но не добивме одговор. Исто така, се обративме и до Села, но и тој не одговори на нашите прашања како ги коментира состојбите во ВЛЕН, дали за него е прифатлива соработка на Европскиот фронт со Таравари, колку и под кои услови е можно обедунување на Алијанса, дали има некаква комуникација меѓу него и власта…? Во секој случај, последните случувања во ВЛЕН го прават исклучително битен Села, на кого сметаат сите политички страни. Доколку Ахмети успее да најде начин да ги има своја страна и Села и Таравари, тогаш ДУИ може да се врати на голема врата на следните избори. Доколку, пак, власта успее некако да го придобие Села на своја страна, така ќе го амортизира Таравари, кој, сепак, се уште вели дека останува дел од Владата.

   

Најново

Путин сака да се сретне со Трамп – но дали американскиот претседател ќе биде домаќин на својот руски колега?

Sase Ivanovski

(ФОТО) ТВ 21 објави фотографии од приватниот престојот на семејството на Мицковски во Виена. Со нив е и баџото Дано

Sase Ivanovski

Kај Сити мол 19 годишно момче прегазил девојка -пешак која е хоспитализирана во „8 Септември “

Sase Ivanovski

Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е анти-национална и стана ‚‚тажната приказна” на Балканот

Sase Ivanovski

Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

Sase Ivanovski

Јаневска: Нема упис на првачиња надвор од реон без оправдана причина

Sase Ivanovski

Откако ѝ беше одземен синот, мајката Спасеска нема добиено решение кога и како ќе го гледа

Sase Ivanovski

ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, НО, И КАКО ДОЛГ КОН ИСТОРИЈАТА!

Sase Ivanovski

ТУЃИНАТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ, ПУСТА ОСТАНА МАКЕДОНИЈА – Ангелов, Кајтази, Китанов-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Стефан Андоновски во „Каде се парите“ отворено: „Министерството за економија беше најкорумпирано место во државата!“

Sase Ivanovski

Со вреќи во рацете, отпад собираа претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски

Sase Ivanovski

Ќе и плаќаме на грчка фирма 30.000 евра месечно уште 14 години за закуп на капацитет за гаш што не го користиме

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар стана дел од мапата на највозбудливите автомобилски дестинации во Европа

Sase Ivanovski

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

Sase Ivanovski

Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа уште еден приемен ден со граѓаните

Sase Ivanovski

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Sase Ivanovski

Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Владата ги укинува меѓународните јазични сертификати за да ги легализира фалсификуваните дипломи, обвинува Левица

Sase Ivanovski

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?

Sase Ivanovski

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор: „Ќе продолжиме се додека не ни се вратат договорите за работа“

Sase Ivanovski

Биткоинот повторно силен – достигна вредност над 103.000 долари

Sase Ivanovski

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Sase Ivanovski

Мелони: Неопходно е итно триесетдневно примирје во Украина

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Sase Ivanovski

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Sase Ivanovski

Политико: Трамп учествувал на само 12 разузнавачки брифинзи од почетокот на мандатот

Sase Ivanovski

24-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski

Малолетник од Кочани споделувал експлицитни видеа од малолетно девојче

Sase Ivanovski

Уапсен маж од тетовско баран со потерница

Sase Ivanovski

Тажна вест од Србија: На 39 години почина поранешен кошаркарски репрезентативец

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе има многу поостри санкции ако Москва не го прифати прекинот на огнот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во фабрика за хемиски производи во Барселона создаде токсичен облак

Sase Ivanovski

Левица: Владата ги укинува задолжителните меѓународни јазични сертификати за избор на директори

Sase Ivanovski

НАД 250 ВОЛОНТЕРИ ГО ИСЧИСТИЈА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ, ЗАШТИТЕН СПОМЕНИК НА КУЛТУРАТА КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАТРУПАН СО ЃУБРЕ

Sase Ivanovski

Тошковски за убиството во Штип: Полицијата делуваше ефикасно, во тек се сослушувања на сведоци

Sase Ivanovski

Балканските земји се соочуваат со огромен дефицит на работници пред летната сезона

Sase Ivanovski

Триесетдневен притвор за петтемина осомничени за убиството во Штип

Sase Ivanovski

Иран ќе и достави на Русија ракетни лансери со краток дострел „Фатх-360“

Sase Ivanovski

Ѓуриќ: Александар Вучиќ нема да се соочи со ЕУ санкции поради посетата на Москва

Sase Ivanovski

Уапсен маж од Гостиварско кој возел автомобил со 2.17 промили алхокол во крвта

Sase Ivanovski

Уапсен стружанец кој пијан возел мотор и излетал од патот

Sase Ivanovski

САД и Кина во Женева ќе преговараат за намалување на царините

Sase Ivanovski

Гест на голем клуб: Ал-Келаифи подготвил специјално изненадување за сите вработени во ПСЖ

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: По улиците, време е и за „чистење“ на општините од фосилите на ДУИ

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пакистан ја нападна Индија

Sase Ivanovski

Граѓаните се жалат на недоставените фактури и на сумите на сметките за струја

Sase Ivanovski

Родителите на жртвите од пожарот во Кочани одбија средба со Мицкоски во Владата

Sase Ivanovski

Макрон, Мерц, Туск и Стармер вчера отпатуваа во Киев во знак на поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Во Скопје утре се врши авионско попрскување против комарци

Sase Ivanovski

Отворена истрага против петмина за убиството во кафе-барот во Штип

Sase Ivanovski

Еквадорски банди во вооружена пресметка убиле 11 војници

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За почисто Скопје – го чистиме Скопскиот Аквадукт во рамки на акцијата GENERALKA WEEKEND’25!

Sase Ivanovski

Санаториумот Дружба на архитектот Игор Василевски, со поглед на Црното Море во Јалта, Украина, е иконски пример на советскиот брутализам

Sase Ivanovski

Агелер: Честитки до нашата колешка Ивана Китановиќ за победничкиот дизајн „The Infinite Wave“

Sase Ivanovski

Новата социјална населба како втор најголем проект по електричниот јавен превоз ќе ослободи простор за 33.000 квадрати зелена површина за нов парк во Струмица…

Sase Ivanovski

Најплатениот комичар во светот вели дека мора да го прифатите одбивањето ако сакате да бидете успешни: „Тоа би требало да биде тешко“

Sase Ivanovski

Фотоволтаиците прават проблем во Македонија?! Минатиот викенд бил избегнат колапс на македонскиот електросистем

Sase Ivanovski

Апасиев од Москва…

Sase Ivanovski

Свежи цреши во Тинекс за само 1359 денари за килограм

Sase Ivanovski

ЗА ИЛИ ПРОТИВ – ГОСТИН: КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт | BM

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Виктор Грозданов и Столе Наумов

Sase Ivanovski

Филипче: Тажно е како Максо ги изневери сите тие илјадници гласачи кои се поранешни наши гласачи

Sase Ivanovski

Филипче: Очекувам за Скопје да извадиме личност со голем габарит и кредибилитет во јавноста

Sase Ivanovski

Филипче: Клиничкиот центар е тажна приказна, штета е што не испеавме како држава да изградиме нов клинички центар

Sase Ivanovski

Филипче: Единстваниот спас за македонското здравство е германскиот модел каде здравството е достапно а болниците се приватни

Sase Ivanovski

Филипче: Заев ја направи СДСМ победничка партија, јас сега гледам колкав е тоа предизвик

Sase Ivanovski

Филипче: Не верувам дека Заев и Мицкоски имаат комуникација

Sase Ivanovski

Филипче: Зоран Заев остави специфичен белег врз општеството, тој сега нема влијание врз политиките на СДСМ

Sase Ivanovski

Филипче: Визата во Дубаи ја добив затоа што требаше да работам во тамошна болница пред да станам лидер на СДСМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Страшна сцена во Италија: Гром удри на тренингот на Фиорентина, фудбалери се срушија на теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Апасиев: Пардон мај РАШН

Sase Ivanovski
Вчитувам....