5.8 C
Скопје
22/02/2025 17:34
МАКТЕЛ

    

Иван Мирчевски: Погледај го домот свој Зоране и симни ја пајажината од очите

      

Познатиот новинар Зоран Иванов го нападна уредникот на Канал 5, Иван Мирчевски:  УШТЕ КОЛКУ ПАТИ НЕЈЗИНИОТ ДИРЕКТОР ЌЕ СИ ЈА СЛИЗНУВА ПРЕСТИЖНАТА КАНАЛ 5 КОН МОРАЛНОТО ДНО, ТВ Канал 5 израсна во респектиран, отворен и достапен информативен медиум за плурални мислења, посебно во неколкуте информативни дебатни емисии како што е Само вистина и во четврточните интервјуа на нејзиниот Главен уредник со индивидуи и теми, главно од македонскиот политички живот. Во вчерашното Само интервју, гостин и интервјуиран соговорник беше Сашо Орданоски, д-р, професор, долгогодишен афирмиран новинар, уредник и медиумски основач. Очекувано и во нему со години својствен стил на јавни настапи, стил мошне добро познат на уредувачкиот тим на конкретната телевизија, Орданоски даде свои објективни или еве, нека се субјективни, па и негови најсубјективни оценки за пост Трамповата Америка и светот, онака лефтерно, отворено и во негов стил театрално, ако сакате, за мој вкус дури и прегаламџиски.

Педесетина минути и нешто Орданоски пред гледалиштето, но и пред искусниот водител кој не успеа доволно да му парира на својот соговорник, редеше за некого аргументи, за некого можеби квази аргументи, сеедно, редеше факти, за некого прифатливи, за некого не. Слобода на изразување, уставна нели. И во таа и таква уставна слобода во исто така нели, слободна ТВ, Орданоски, со сиот свој децениски либерален, демократски и слободарски ментален габарит, онака на купче ги собра тоталитаристите Путин и Трамп. Ги направи бербат. Првиот, за руската инвазија врз Украина. Вториот, за сервилниот однос спрема рускиот претседател и за понижувачкиот однос спрема украинскиот. И за уште многу актуелни ситуации во сличен стил излетаа низ етерот како, на пример, за тоа што мајка бара македонскиот премиер во САД со буџетски пари на партиски средби таму итн. итн. Па нели слободна ТВ, нели слобода на јавно искажување на мислата, нели устав и бла, бла. Не се опишува или бара време да се раскаже интервјуто и настапот на Орданоски на Само интервју.

   

Кој ќе сака да си го изгледа, ќе си го најде на интернет. А тоа што е поводот за овие lu-ping редови е денешната шокантна реакција на директорот на телевизијата Иван С. Мирчевски на интервјуто кој, не лична, туку објави службена изјава на Канал 5 телевизија. Службен, веројатно веќе и архивиран документ во, како за рубрика „верувале или не“, во еден од неколкуте цитати стои: „Вчудоневидени сме од вчерашниот настап на г-динот Сашо Орданоски кој со неопислива леснотија ја таргетираше новата аминистрација на нашиот најголем стратешки партнер – САД“. Пазете, најголем стратешки партнер. Па САД или Трамп? Не разбирам. Еве уште еднаш: Кој ни е најголемиот стратешки партнер – САД или Трамп? На телевизискиот директор не му е првпат со вакви и слични реакции или попрецизно, со вакви и слични испади. И сега клучната дилема: Орданоски го навреди Трамп или Мирчевски ја навреди медиумската слобода? Мојот одговор се насетува низ горните редови. Туку, ако го искарале како што наликува, е тоа е веќе друга тема за другпат. Но сега прашањето ми е: Уште колку пати нејзиниот директор ќе си ја слизнува престижната ТВ Канал 5 кон морално дно.

На ова одговори уредникот на Канал 5, Иван Мирчевски: Зоране Иванов, моја вечна инспирација за саркастични и сатирични беседи, дали знаеш која е сличноста меѓу мене, Канал 5 ТВ  и тебе? Јас ќе ти кажам – никаква, нема сличност, или едноставно речено– ние сме два различни света.
Не сакам да помислам дека како „призрак“ на одреден политички центар, си во некој круг на морална анархија во кој те опчинува некаква бурна елегична дистракција. Причината за овој сериозен интелектуално-креативен немир можам само да го претпоставам и верувам дека е поврзан со познатото „проклетство“ – да имаш, па да немаш.
Како човек кој огромен број пати гостувал во Канал 5 ТВ, кому му била дадена шанса да ги артикулира своите ставови без никакви задршки или опструкции сметам дека ако веќе не можеш да ја „симнеш пајажината од очите“, обиди се барем да ги подигнеш мечот. Знаеш што ќе видиш? Ќе видиш потресни призори, ќе видиш несреќни и болни , ќе видиш „чемер , смрт и мизерија“. Твојот обид за моја лична дискредитација, девалвација и јавна дефамaција, при што ја извртуваш толку очигледната вистина, е само продолжение на еден медиумски авантуризам во кој учествуваше и ти а е поврзан со моето вклучување во емисијата „Само Вистина“ во ноември 2023 год. Те молам, немој „пајажината“ која ја имаш на твоите очи да ми ја лепиш на моите очи. Немој само да ме убедуваш дека фундаментот на говорот и слободата на израз се навредите и клеветите и потенцијалниот говор на омраза.
Канал 5 ТВ бил и ќе остане храм на демократијата и новинарството, и дај те молам, охрабри се, и конечно не бегај од јавна дебата со мене „на кавга со Иван“, со цел заедно да откриеме како тоа црното е бело, говорот на омраза е говор на слобода, и кој навистина се слизнува или е веќе слизнат во т.н. морално дно. Навистина се чувствувам екстатично и треперам за моментот кога ќе дојдеш во мојата емисија , а не постојано да наоѓаш изговори при тоа „гушкајќи ја“ твојата тастатура…како до сега. Терминот за снимање и емитување на мојата „кавга“ ти го оставам тебе, нормално оставам да кореспондираат со твоите слободни термини , време кога не пишуваш вакви фантазмагорични текстови.

  

Најново

По 11 години работа во Германија, хирургот Златко Јаков се врати во болницата во Прилеп: Задоволство е да се работи со овој народ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДС смени курс и стана антиамериканска партија и дали спои зад навредите на Сашо Орданоски за претседателот Трамп?

Sase Ivanovski

СДСМ: Најавите за масовна партизација се потврда: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

Sase Ivanovski

Милошоски: Уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, затоа треба оставка од Коцевски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС нека се освестат, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го трансформира здравството во сервис на граѓаните, конечно се реконструира КАРИЛ

Sase Ivanovski

Мицевски: Вториот јавен повик за финансиска поддршка на проекти за општините, ќе придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво, зголемување на економскиот раст и животниот стандард

Sase Ivanovski

Единствена Македонија: Двојни аршини на Канал 5: За Бачев забрана за гостување на телевизијата а за Ордановски – ништо

Sase Ivanovski

Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна наместо…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај

Sase Ivanovski

МОЕПП: Демократската унија за интеграција не може да се согласи со фактот дека албанскиот народ им ги превзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: (ФОТО) Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Димитровски: Секој да придонесе во битката со (аеро)загадувањето

Sase Ivanovski

Бранко Азески Му ја пеел Бела Чао на гувернерот на најголемата кинеска провинција

Sase Ivanovski

МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното министерството

Sase Ivanovski

Авганистанец позира со својот автобус направен по нарачка комбинирајќи труп од хеликоптер Мил Ми-8 и камион Камаз. (Авганистан, крајот на 1980-тите)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Бојан Цветановски: Со локалната власт на ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, прилепскиот спорт го допре дното

Sase Ivanovski

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце, за брзо граѓаните ќе ја поминуваат границата побрзо и со една контрола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Скандалозната одлука на Таравари за КАРИЛ: Загрозени животи и распад на здравствениот систем

Sase Ivanovski

БОЈАН ЦВЕТАНОСКИ, претседател на ЛК СДММ-Прилеп: БОРКО РИСТОВСКИ И ДПМНЕ ГИ ИЗЛАЖАА ПРИЛЕПСКИТЕ СПОРТИСТИ – ВРАТИТЕ НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ОСТАНАА ЗАТВОРЕНИ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ние сме целосно усогласени и ја поддржуваме политиката на Трамп

Sase Ivanovski

Џеј-Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Sase Ivanovski

Трамп: Зеленски не е многу важен за да биде дел од преговорите

Sase Ivanovski

Канада се противи на можното враќање на Русија во Г7

Sase Ivanovski

Во рускиот град, спомениците на паднатите војници сведочат за тригодишната години војна против Украина

Sase Ivanovski

Трамп го предупреди Илон Маск за изградбата на фабрика на Тесла во Индија: Тоа би било „многу неправедно“ кон американската администрација

Sase Ivanovski

Ројтерс: Русија испраќа дисиденти на принудно психијатриско лекување

Sase Ivanovski

Може ли Гаспром да стане нов сопственик на НИС?

Sase Ivanovski

ЕУ ги одложи новите правила за патување, пламнаа претсезонските аранжмани

Sase Ivanovski

Кога јајцата беа поскапи? Министерката за финансии тврди дека купува табла по иста цена како во време на СДСМ и ДУИ односно од минатиот Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: По кратко и озбилно убедување 🤷‍♂️ од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks

Sase Ivanovski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата на конзервативците

Sase Ivanovski

Поранешен разузнавач: КГБ го регрутирал Трамп во 1987 година, кодното име му е Краснов

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако ДУИ сакаат ветинг, нека почнат од својот лидер Ахмети

Sase Ivanovski

„ВОЛОДИМИР ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ“ Советникот на Трамп најави дека наскоро ќе се обнови партнерството Вашингтон-Киев

Sase Ivanovski

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Министерката за финансии ги демантираше изјавите на Меџити

Sase Ivanovski

„ЗЕЛЕНСКИ E НЕБИТЕН ВО ПРЕГОВОРИТЕ“ Трамп бил на чекор да ја повлече поддршката за Украина?

Sase Ivanovski

ПУТИН БРЗА ДА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА? Се ближи тригодишнината од војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ КУЦА, ГИ ПОВРЕДИ ЛИ ПАК ЛИГАМЕНТИТЕ? Можното пензионирање станува главна тема за тенисерот

Sase Ivanovski

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

Sase Ivanovski

Со секира скршиле стакло oд кафуле и го запалиле: обвинение против три лица за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Маж е тешко повреден во напад со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Карпош

Sase Ivanovski

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Првите казни за „Безбеден град“ од 2026 година

Sase Ivanovski

Мицкоски во Вашингтон: Целосно сме усогласени и ги поддржуваме политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Агенцијата Асошиејтед прес поднесе тужба откако Трамп ја набрка зашто не пишува „Американски Залив“

Sase Ivanovski

Само Мицкоски му аплаудирал на Венс во Минхен: Тоа беше инспиративен говор

Sase Ivanovski

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Sase Ivanovski

Претседателот на Судскиот совет Камбовски: Институциите треба да се унапредуваат, не да се распуштаат

Sase Ivanovski

Воен аналитичар: Трамп е подготвен да му даде на Путин сè што ќе посака

Sase Ivanovski

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фицо се сретна со Илон Маск во Вашингтон, дома илјадници луѓе му порачаа таму и да остане

Sase Ivanovski

Денко Малески: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

Sase Ivanovski

Суперкомпјутер ги пресмета шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Продавачи за скопска фирма во Куманово задржале 8.000 евра од прометот

Sase Ivanovski

Аргентинскиот претседател се соочува со истрага за корупција за „криптогат“.

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Саботер од Украина работел за Русија во Полска, доби осум години затвор

Sase Ivanovski

Јончевски: Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви

Sase Ivanovski

Насловната на утрешен „Шпигел“: „Предаден – денес Зеленски, утре ние?“

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Проверка на факти: Дали е Трамп во право кога вели дека Украина ја почнала војната со Русија?

Sase Ivanovski

Какви беа релациите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски со текот на времето

Sase Ivanovski

Проверка на имоти на судии и обвинители – да, но неселективно

Sase Ivanovski

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

Sase Ivanovski

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

МВР: Од почетокот на февруари издадени над 18.000 налози за сообраќајни прекршоци, 1.500 возачи не поседувале возачка дозвола

Sase Ivanovski

Големата идеолошка конфузија: Левичари – надесно равнајс!?

Sase Ivanovski

Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година

Sase Ivanovski

Протест на вработени во Филхармонија, бараат директорот да се избере според критериумите, наместо со партиски договор

Sase Ivanovski

Внатрепартиски избори во СДСМ на 16 март, Венко Филипче е единствен кандидат

Sase Ivanovski

Контраспин: ВЛЕН со спинуван одговор до ДУИ за Албанците во безбедносниот сектор

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Sase Ivanovski

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Sase Ivanovski

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја!

Sase Ivanovski

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Sase Ivanovski
Вчитувам....