– Секој судија којшто е разрешен има право на жалба до жалбениот совет при Врховниот суд. Тоа е посебен совет кој е составен од врховни, апелациски и основи судии, рече Камбовски.
Во врска со ослободувањето од притвор на Асмир Јахоски, случај за кој изминативе денови многу се коментираше, Камбовски посочи дека за таа судска одлука бил запознат од медиумите.– Тоа е судска одлука, а од она што го следев од медиумите, таму согласноста ја дало Основното јавно обвинителство. Судскиот совет нема ингеренција да се меша во секоја судска одлука, бидејќи дневно се носат илјадиници судски одлуки, рече првиот човек на Судскиот совет во одговорот на новинарско прашање по паузата на денешната седница на Судски совет