На ден 14.02.2025 година, раководителот и вработените во одделението за образование, како и директорите на основните општински училишта од Општина Карпош остварија посета и планови за соработка со Yahya Kemal College. Посебна благодарност за приемoт на директорите и одговорните лица за колаборација на Y.Kemal.
Целта на посетата беше разменување искуства во однос на работењето на училиштата, платфирмите за учење, оценувањето на учениците и слободните ученички активности.
Општина Карпош досега поддржала и доделила поголем број стипендии на талентирани ученици и спортисти од VIII и IX одд од ова училиште кои се жители на Општина Карпош.