Руските системи за противвоздушна одбрана и ракетите „искандер” ќе ја зголемат ефикасноста на противвоздушната одбрана на сојузната држава, изјави рускиот заменик министер Михаил Галузин.„Вооружените сили на Белорусија беа снабдени со најсовременото руско оружје, мобилните ракетни системи „искандер“ и системите С-400“, рече Галузин.Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека овие системи во понеделникот тргнале на борбена задача.Според Галузин, Русија и Белорусија активно работат на заштита на западните граници на Сојузната држава и двете ја модернизираат инфраструктурата на границата. Тој, исто така, рече дека не е коректно да се зборува за тоа дека здружените сили на Русија и Белорусија ќе бидат ангажирани во специјалната операција во Украина.
„Задачата на здружената руско-белоруска група единици е да пружи отпор на потенцијалниот противник во случај на упад на територијата на Белорусија“, изјави официјален претставник на Министерството за надворешни работи на Русија.Галузин додаде дека фактот што Русија ги обучува екипажите на белоруските авиони, претворени за употреба на специјална муниција, претставува симетричен одговор на непријателските потези на НАТО.„За време на работната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Минск на 19 декември, беше објавена одлука за обука на екипажот на борбени авиони, претворени за можна употреба на специјална муниција“, рече Галузин и изјави дека САД прават слични работи со НАТО сојузниците со години.