Иран синоќа започна нов бран ракетни напади врз Израел, а според официјалните бројки од израелските служби за вонредни ситуации, најмалку четири лица се убиени, а повеќе од сто се повредени. Целите беа делови од централен Израел, вклучувајќи ја и областа околу Тел Авив.Нападите се случија откако израелската војска потврди претходно денес дека извршила напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран. Министерството за нафта на Иран тврди дека бил погоден складиштето за нафта Шахран во Техеран.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се закани дека одговорот ќе биде уште „потежок и посилен“ доколку Израел не се повлече. Во меѓувреме, Оман потврди дека разговорите меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран, закажани за недела, се официјално откажани.Лидерите на Г7 се собираат во Канада во недела на тридневен самит што се одржува во сенка на опасната воена ескалација меѓу Израел и Иран, која би можела да ескалира во поширок регионален конфликт. Кризата ќе биде на врвот на агендата на состанокот на лидерите на водечките индустријализирани демократии во светот во хотел во оддалеченото село Кананаскис, Алберта, во западна Канада.Ќе бидат присутни претседателот на САД, Доналд Трамп, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.Како и претходно, на состанокот беа поканети лидери надвор од групата Г7. Меѓу нив се шефови на држави и влади од Мексико, Индија, Јужна Кореја, Јужна Африка, Австралија и Индонезија.