20.8 C
Скопје
09/05/2025 15:08
МАКТЕЛ

     

Реакции за препораките на ДКСК – Комисија за антикорупција или за корупција!?

      

Наместо да придонесе за поголема транспарентност, отчетност и борба против корупцијата, Антикорупциската комисија преку своите наводни укажувања за „регулаторни ризици“, испраќа сериозно загрижувачки сигнали за затворање на институциите и креира можности за ограничување на правото на јавноста да знае. Ваквите препораки не само што ја поткопуваат улогата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) како клучна институција за спречување на корупцијата, туку и директно отвораат простор за нови коруптивни злоупотреби, особено во сферата на јавните набавки.Новиот состав на ДКСК / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Ова е реакцијата на Платформата за граѓански организации за борба против корупцијата откако Антикорупциската комисија на последната јавна седница го анализираше Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и утврди дека треба да се прецизира поимот „целокупна документација“ во врска со јавните набавки, бидејќи можело да бидат објавени и доверливи информации. Новиот состав на Антикорупциска комисија всушност го проверувал Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер според Годишниот план за спроведување на антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година. Но, претходниот состав на Комисијата најавил проверка на овој закон поради зголемување на транспарентноста при вработувањата во јавниот сектор за да се зајакне надзорот во однос на објавување на актите за организација и систематизација и вработувањата согласно овој закон, а не да проверува во поглед на објавувањето на документите.

   

Ивановска: Јавните набавки на прво место меѓу ризиците од корупција

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска вели дека според неа, сето ова е симптоматично и смета дека сè што не е класифицирано според посебниот Закон за класифицирани информации, треба да биде достапно за јавноста. Токму јавните набавки беа на прво место меѓу ризиците од корупција кои се однесуваат на трошењето на јавни пари или злоупотреба на службени позиции во јавниот сектор во Националната стратегија за спречување на корупцијата судирот на интереси. – Вработувањата и јавните набавки излегоа највисоки ризици за корупција, бидејќи тие се присутни во сите сектори. Кај вработувањата имаш непотизам, кронизам, клиентилизам, дискрециски права, партиски вработувања. Овде се истите тие ризични фактори, меѓутоа од аспект на доделување тендери. Само колку наоди излегоа од делот на јавни набавки, па и кривични иницијативи, „Бехтел и Енка, во Јавно обвинителството е набавката на мазутот како ако ги немаш достапно сите документи. Си има пропишано по закон кои информации може да бидат класифицирани. Наместо процесот да биде уште потранспарентен, ние сега ќе го затвораме. Мое лично мислење е дека сè што е неопфатено во посебниот закон, треба да биде достапно на јавноста поради високите ризици на корупција – вели Ивановска за „Слободен печат“.

Платформата и укажува на ДКСК дека во Законот за слободен пристап уреден е делумниот пристап, како и предвидени се исклучоци во случаи кога е потребна заштита на информации со степен на тајност. – Ја потсетуваме ДКСК и јавноста дека веќе беше направено уназадување на заштитата од корупција во јавните набавки со измените на Законот за јавните набавки на тој начин што беше укината управната контрола на јавните набавки што ја спроведуваше Бирото за јавни набавки. Во услови кога според оценките на сите релевантни меѓународни и домашни чинители корупцијата во јавните набавки е широко распространета и при историски највисок државен буџет, нови задолжувања и секојдневни индиции за злоупотреба на јавните пари, ДКСК дава препораки за ограничување на транспарентноста со што ја поткопува улогата на клучна институција за спречување на корупцијата – се вели во реакцијата на Платформата. На јавната седница, ДКСК се осврна и на имателите на информации каде што, исто така, се утврдени регулаторни ризици. – Обврска на имателите на информации е редовно да ажурираат листа на информации со кои располагаат и јавно да ја објавуваат, но оваа одредба нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени, ниту на кој начин и во кој формат, што остава широк дискрециски простор на имателите на информации да одлучуваат што ќе објават и како. Тоа е ризик од ограничена транспарентност со можност за селективно објавување или прикривање информации од јавен интерес – рече членот на ДКСК, Софија Спасова.

Платформата реагира и на овој дел од седницата и велат дека е нејасно какви критериуми препорачува ДКСК, а уште повеќе загрижува што зборуваат за формат, не земајќи го предвид најавениот почеток на процесот за подготовка на Законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор. – Загрижува непознавањето на проблематиката од ДКСК кога вели дека „нема прецизни критериуми за тоа кои информации треба задолжително да бидат објавени“. Законот за слободен пристап уредил дека сите информации што ги создаваат и со кои располагаат институциите, освен исклучоците се информации од јавен карактер. Дури има предвидено и институт на „активна транспарентност“, а тоа значи дека се утврдени информации што задолжително треба да објавени без да бидат побарани – велат од Платформата. На седницата се разгледуваше и уште еден дел од Законот, односно дека треба јасно да се разграничи и прекршочната одговорност меѓу раководното и службеното лице за информации во Агенцијата, според нивните реални надлежности.

– ДКСК смета дека поимот „целокупна документација“ во однос на јавните набавки не е прецизно дефиниран поради што може да се случи да се објават доверливи информации и повреда на правата на трети лица. Во однос на престанокот на функцијата и разрешувањето на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и неговиот заменик, став 1 предвидува основи за престанок на функцијата пред истекот на мандатот, а според став 2, Собранието на РСМ констатира престанок на функцијата во случаите предвидени во ставот 1. Но, не е пропишан рок, ниту постапка, а тоа овозможува евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата. За прекршочните одредби, ДКСК утврди постоење несразмера одговорност. Предвидени се само 500 евра глоба за раководното лице ако не назначи службено лице за посредување со информации и не обезбеди информирање на јавноста за тоа лице, но предвидени се и 250 евра казна за службеното лице за повеќе прекршоци – ажурирање на листата на информации, помагање на барателите, почитување рокови за одговор на барањата – укажа Спасова. Политички мотивирана препорака

Билјана Ивановска претседател на ДКСК – Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Овие препораки, според Платформата, се со долгорочни негативни последици што влијаат врз независноста. – За Платформата оваа препорака е политички мотивирана затоа што е дадена непосредно по обид на пратеници во Собранието на РСМ да се усвојат измени на Законот за слободен пристап, во кои беше предвидено предвремено разрешување на директорот на Агенцијата во случај кога парламентарното мнозинство нема да го усвои годишниот извештај за работа. Ѝ укажуваме на ДКСК дека независните регулаторни тела, како што е Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап, па и самата ДКСК имаат мандат подолг од мандатот на избраните функционери во извршната власт со цел да бидат партиски и политички независни. За дадената препорака веќе е регулирано во Законот за слободен пристап дека во случај на престанок на функцијата или разрешување на директорот на Агенцијата, до изборот на нов директор на Агенцијата, функцијата на директор на Агенцијата ја врши заменикот на директорот со сите овластувања што ги имал директорот. Така што не може единствен аргумент за оваа препорака на ДКСК да биде „евентуално одолговлекување, селективност и неизвесност во управувањето со институцијата“ – велат од Платформата.

Додека ДКСК го изготвувала Извештајот, на ЕНЕР е објавен Предлог-закон за измена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Антикорупциска проверка за текстот не е побарана, рече Спасова, поради што најави дека ако измените се донесат, ќе бидат дополнително разгледани. Оттаму се децидни дека Антикорупциската комисија не само што го унапредува системот за спречување на корупција, туку ризикува да даде легитимитет за политики и практики што водат кон заробување на институциите и недостапност на информациите од јавен интерес што во моментов се информации од јавен карактер. – Ги повикуваме надлежните институции, особено Министерството за правда и Собранието, да ги земат предвид постојните законски механизми и да не подлегнуваат на насоки што ја ограничуваат транспарентноста, која е клучна алатка во борбата против корупцијата – порачуваат оттаму. „Слободен печат“ прати прашања до ДКСК што значат овие препораки и како Комисијата ги коментира реакциите дека телото кое треба да се бори против корупцијата дава препораки за намалување на транспарентноста. По објавувањето на текстот од ДКСК стигна одговор. Во врска со Вашите прашања упатени до Државната комисија за спречување на корупцијата, во однос на Извештајот за антикорупциска проверка на одредбите oд Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, усвоен на 17-та седница на ДКСК одржана на 15.04.2025 година, Ве известуваме дека ДКСК на својата ВЕБ страница гo објави наведениот извештај (линк до извештајот).

    

Најново

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Реакција на денешната прес конференција на СДСМ од 09 мај 2025

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Благодарам на поканата за вселување на семејството Трајковски

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski
Вчитувам....