Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, на денешната прес – конференција изнесува невистини, бидејќи искажаните тврдење се одесуваат за два сосема различни плански опфати, со што се покажува нејзиното недоволно познавање од областа на урбанизмот.
Имено зградата која што ја споменува, а ја гради советникот од ДУИ е со издадено уредно Одобрение за градење, согласно важечкиот Детален урбанистички план. Истиот е донесен со одлука на Советот на општина Куманово, број 09-10073/13 од 20.12.2022 година, во кој ДУП е предвидена посочената сообраќајница. Истиот ДУП нема никаква врска со планскиот опфат, дефиниран во нацрт-детален урбанистички план, кој е утврден на седница на Совет на 05.05.2025 година, односно станува збор за два различни плански опфати.