РЕГИОНАЛНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВАТА НА ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ НА НСДП ОД ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА 2
Во Ѓорче Петров во Скопје се одржа регионална средба со раководствата на општинските организации на НСДП – Нова социјалдемократска партија во изборната единица 2, на која присуствуваа претседателот на НСДП Goran Misovski и генералниот секретар Мики Милковски и раководствата на општинските организации на НСДП од ИЕ.2.
НСДП активно се подготвува за учеството на претстојните локални избори во октомври оваа година, во тек е постапката за утврдување на кандидатите за советници во општинските совети.
На овие избори НСДП како и во минатото ќе предложи кандидати кои се препознатливи во градовите и општините, кои со своите активности во општественото делување се истакнати и препознаени во средините каде што живеат.
Кандидати кои ги знаат локалните проблеми и кои имаат доволно искуство да допринесат за развојот на локалните заедници преку залагање и поддршка на проекти и предлагање на јавни политики кои допринесуваат за функционални и развиени општини.