17.8 C
Скопје
18/06/2025 23:38
МАКТЕЛ

   

МАКЕДОНИЈА НЕЛЕГАЛНА Во цела држава биле пријавени над 473 илјади нелегално изградени објекти, а 201.495 сѐ уште имаат статус на дивоградба!

      

Ако се има предвид дека во земјава живеат помалку од 2 милиони жители, тогаш може да се извлече груб заклучок дека една дивоградба во просек му доаѓа на речиси секој четврти граѓанин, односно на секое четиричлено семејство.

Текстот е објавен на 12 јуни 2025 година во неделникот „Фокус“, во бројот 1.549.

„Фокус“ официјално ги побара и ги обезбеди целокупните податоци за регистрираните нелегални градби, кои сите општини во земјава, со исклучок на една, ги доставиле до државниот градежен инспекторат. Според овие податоци, до единиците на локалната самоуправа биле поднесени вкупно 473.352 барања за легализација на дивоградби, од кои досега легализирани се 271.857 дивоградби (57 проценти), што значи дека 201.495 објекти или делови од објекти моментално имаат статус на дивоградба. Ако се има предвид дека во земјава живеат помалку од 2 милиони жители, тогаш може да се извлече груб заклучок дека една дивоградба во просек му доаѓа на речиси секој четврти граѓанин, односно на секое четиричлено семејство. Во рамки на оваа сторија, откриваме како се рангирани општините според бројот на примени барања за легализација, според процентот на легализирани дивоградби, како и според моменталниот број на дивоградби на нивна територија.

   

Скопската градоначалничка Данела Арсовска одамна најави дека нема да влезе во натпревар за втор последователен градоначалнички мандат, веројатно свесна дека сама, без поддршка од некој од големите политички блокови, е осудена на неуспех.

А, најголемата потврда дека Арсовска е веќе политички маргиналец се случи на ланските парламентарни избори, кога нејзината политичка партија – Нова алтернатива, која предизборно ја презеде од Ѓорги Оровчанец откако тој се повлече поради здравствени причини, освои само 3.515 гласови.

Колку за споредба, Арсовска стана градоначалничка на главниот град во 2021 година, со поддршка на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со освоени вкупно 86.698 гласови во првиот круг, кои пораснаа на 118.749 гласови во вториот изборен круг, убедливо победувајќи го противкандидатот на СДСМ Петре Шилегов.

Оттука, Арсовска за 3 години бележи вртоглав пад, што е резултат на тоа што остана без поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, но и на други фактори. Имено, таа цел мандат го мина во изговори и барање алиби на други адреси за нерешавање на проблемите во нејзина надлежност наместо да трага по решенија, макар за тоа да мора да прави компромиси.

Сепак, тоа што ѝ се ближи крајот на политичката кариера не ја спречува Арсовска да го заврши градоначалничкиот мандат во, условно кажано, голем стил. Иако често знаеше да се конфронтира со противници и неистомисленици, сепак, таа беше прилично резервирана и во одредена хибернација по двојните избори и политичките промени.

Арно ама, неодамна стана актуелна, откако реши да тргне во лов по дивоградби во Општина Чаир, каде што градоначалник во изминативе 2 мандати е Висар Ганиу, кој важи за близок соработник на неговиот претходник Изет Меџити, актуелен вицепремиер и министер за екологија. И двајцата порано беа дел од ДУИ, меѓутоа сега се во ВЛЕН.

НАД 150 НЕЛЕГАЛНИ ГРАДБИ?!

Поточно, сѐ почна кон крајот на мај, кога скопската градоначалничка Арсовска се вклучи во живо на нејзиниот фејсбук-профил од локација во Чаир, каде што, како што рече, се гради нелегален објект – станбена зграда. Според неа, посочената дивоградба се градела на државно земјиште, без проектна документација и одобрение за градба, како што налага Законот за градење.

– Нема платено комуналии, нема одобрение за градење, нема проект, нема ниеден документ со кој се гарантира безбедност на градба и да не се чудиме она што се случува во Македонија. Дополнително, објектот е во ГУП (Генерален урбанистички план) на Скопје, каде што овие тука си одлучиле да си прават зграда, без ниеден документ… – говореше Арсовска.

Во следните денови, таа со екипи од Град Скопје шеташе и обиколи повеќе точки во Чаир и објави дека на разни места се гради без добиена градежна дозвола. Згора на тоа, го обвини градоначалникот Ганиу дека со фалсификувани документи легализирал 10-катница и повеќе други објекти, кои потоа ги впишал и во Катастарот на недвижности.

Си извршил легализации спротивно од закон. Да објасниш како си ги впишал во Катастар, а од Град Скопје сите твои барања се одбиени. Ти си поднесувал фалсификувани одобренија од Град Скопје до Катастар. Ниту една ваква дивоградба нема во ниту една скопска општина, само Чаир вака си легализира со фалсификувани документи – рече Арсовска, која го обвини Ганиу дека ѝ се заканувал.

Воедно, таа посочи дека спречила 150 дивоградби за 3 години, кои, според неа, Ганиу сакал незаконски да ги легализира. Во таа смисла, појасни дека Град Скопје, кој добива дел од комуналиите, примил исто толку дописи од Општина Чаир за легализација. Меѓутоа, сите се одбиени, бидејќи, како што истакна, се градени по 2017 година, а не најдоцна до 2011 година, како што, всушност, пропишува Законот за легализација на бесправно изградени објекти.

„ИНСТРУМЕНТ ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА“

Во меѓувреме, чаирскиот градоначалник Ганиу ја обвини Арсовска дека прави шоу и циркус и патем возврати со тоа што организираше истурање смет пред градската администрација. Според него, Чаир бил под опсада на градоначалничката на Скопје, која, како што истакна, била извршител на агенда на „надворешни фактори“.

Општинската комисија направила грешка за поткровје на зграда и за тоа ќе говориме на суд, ако дојде до тоа. Ја сум последен што потпишува откако решението поминува низ повеќе филтри во општината. Во досието се документи и од Град Скопје за пресметка за комуналии… – возврати Ганиу, додавајќи дека дури и некој да сака, не може да узурпира државно земјиште во Чаир, бидејќи го нема.

Паралелно, неговиот сопартиец и министер за екологија, Меџити ја обвини Арсовска дека станала нов инструмент на Али Ахмети за дестабилизација на државата, откако, според него, пропаднал обидот тоа да се стори со Арбен Таравари, кој реши да ги напушти ВЛЕН и владата и да се пресели во опозиција. Притоа, тој ја доведе Арсовска во корелација со пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, кој е поранешен градоначалник на Сарај.

Со неговиот став дека Арсовска е дел од сценарио за дестабилизација се согласи и премиерот Христијан Мицкоски, кој дополнително изјави дека скопската градоначалничка има ингеренции за постапување. Според него, ако таа навистина мисли дека е така, т.е. ако навистина тврди дека има дивоградби во Чаир, тогаш треба да постапува, затоа што, вели тој, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде.

Доколку тие докази се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме да сработи и се разбира доколку има такви докази да се постапува по истите. Нема дилема, не можеме да санкцонираме или да не санкционираме други, Законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме Јавното обвинителство да сработи – изјави Мицкоски.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДОКАЗИ

Инаку, Арсовска информираше дека до Јавното обвинителство доставила „релевантни документи за дивоградбите во општина Чаир“, со надеж дека, како што рече, конечно ќе се постапи со цел обезбедување на доказите, кои се обидуваат да ги уништат. Според неа, се бришеле и антидатирале решенија со цел да се сокрие криминалот во скопската општина.

Како што е познато, Обвинителството отвори предмет за овој случај уште пред повеќе од една година, кога „360 Степени“ објави дека во последниве години се легализирале објекти во Чаир како да се изградени најдоцна до март 2011 година, а во општината се архивирале барањата уште пред спорните објекти да почнат да се градат.

Што се случува со оваа предистражна постапка? Прво, Обвинителството деновиве информираше дека добило известување од СВР Скопје за дивоизградените објекти во Општина Чаир, кои во изминативе денови ги објавува скопската градоначалничка Арсовска. Од таму потенцираа и дека сите службени лица, кои имаат сознанија или докази за извршено кривично дело, имаат законска обврска тоа да го пријават.

Набргу потоа, од ЈО соопштија дека по допрен глас се вршат проверки во рамки на Општина Чаир, како и дека е обезбедена обемна писмена документација од локалната самоуправа, од Министерството за транспорт, од Државниот управен инспекторат, како и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

„Во текот на оваа предистражна постапка е преземено и дејствие на испитување на повеќе лица, кои даваат потребни известувања, така што беа испитани поголем број службени лица од Општина Чаир, како и дел од барателите на легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општината, со тоа што овој процес на обезбедување вербални докази сѐ уште е во тек“, соопштија од Обвинителството.

РАНГ-ЛИСТА НА ОПШТИНИ

Од Јавното обвинителство објаснуваат дека по анализа на севкупниот материјален и вербален доказен материјал, чие обезбедување во овој предмет е во финална фаза, ќе следи донесување и соодветна јавнообвинителска одлука. Во исчекување на одлуката дали предметот ќе се затвори или ќе премине во фаза на истрага, на јавна сцена стапи и првиот човек од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Станува збор за Зухејр Реџепи, кој во интервју за „Лајм“, меѓу другото, изјави дека проблемот со неовластено градење е проблем и феномен во сите општини во државата. Врз основа на официјална статистика за бројот на нелегални градби во рамки на Град Скопјe, тој вели дека Чаир е на 6-то место во конкуренција на 10 општини.

 Од 80 општини на државно ниво, имаме податоци само за 79 општини. Една општина, не знам од која причина, секогаш одбива да соработува со државната институција. Станува збор за Општина Сарај. Гледам дека отсекогаш постоела општина, која никогаш не била предмет на инспекции од страна на урбанистичкиот инспекторат. Не знам што кријат со тие податоци – рече Реџепи.

Според него, листата за нелегални градби ја предводи Гази Баба со 10.934 дивоградби, по што следуваат Гостивар со 8.878 дивоградбиПрилеп со 8.515 дивоградбиТетово со 8.265 дивоградбиСтруга со 7.674 дивоградбиОхрид со 7.589 дивоградбиКичево со 7.071 дивоградби, Куманово со 5.366 дивоградбиСтрумица со 5.235 дивоградби, а во топ-10 влегува и Липково со 5.103 дивоградби. На оваа листа Чаир се наоѓа на 19-то место со 3.258 дивоградби.

„Фокус“ официјално ги побара и ги обезбеди целокупните податоци за регистрираните нелегални градби, кои општините ги доставиле до државниот градежен инспекторат. Што откриваат овие бројки – колку барања за легализација биле поднесени, колку дивоградби биле легализирани, колку објекти моментално имаат статус на дивоградба и како стои секоја општина според овие параметри…?

ПОЛОВИНА ЛЕГАЛИЗИРАНИ ОБЈЕКТИ

Па, според официјалните податоци што ги добивме и со кои располагаме, до општините биле поднесени вкупно 473.352 барања за легализација на дивоградби. Ако се има предвид дека во земјава живеат помалку од 2 милиони жители според последниот попис (1.836.713 жители), тогаш може да се извлече заклучок дека во просек една дивоградба доаѓа на секој четврти граѓанин или на секое четиричлено семејство.

Се разбира, се работи за груб заклучок, од причина што едно лице или субјект може да се јавува како реализатор на десетици дивоградби, а истовремено треба да се има на ум дека бројот на државјани е многу поголем од бројот на резиденти и тој се движи накај 3 милиони лица со македонско државјанство. Независно што многу од нив се иселени, сепак, имаат имот во земјава, па сигурно и многумина од нив имале или имаат дивоградби.

Што уште говори официјалната статистика? Од оние 473.352 поднесени барања за легализација, успешно завршиле нешто над половина или точно 57 проценти. Односно, досега легализирани се 271.857 нелегално изградени недвижни објекти или делови од објекти – доградби, поткровја, тераси…

Така, се доаѓа до бројката од 201.495 нелегални објекти во цела држава, кои моментално имаат статус на дивоградба, од причина што барањата за нивна легализација биле одбиени или, пак, едноставно сѐ уште се во процес на обработка. За појаснување, законот овозможува легализација на дивоградби изградени до 2011 година, со тоа што барателот треба се идентификува како реален сопственик преку сметки, да гарантира со изјава пред нотар и да достави геодетски елаборат.

Што се однесува до Град Скопје, каде што влегуваат Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари и Сарај (660 илјади квадрати и 526.502 жители), биле поднесени вкупно 106.273 барања за легализација, што претставува околу една четвртина од вкупниот број барања во државата. Од нив, легализирани биле 69.155 дивоградби, така што моментално во главниот град има 37.118 дивоградби. Но, оваа цифра не ја вклучува Сарај.

ДИВОГРАДБИ НИЗ СКОПЈЕ

Кога ќе се направи анализа, произлегува дека во Гази Баба имало најмногу барања за легализација на дивоградби (20.031) и најмногу дивоградби во моментов (10.934), што значи дека легализирани се 45 отсто од дивоградбите. Арно ама, мора да се има во обѕир дека оваа општина е најголема скопска општина по Сарај и опфаќа простран урбан дел и рурален дел, со густо населени населби и со бројни селски средини, каде што обично урбанизацијата е помалку контролирана.

Од аспект на поднесените барања на легализација, следува Кисела Вода со 14.958 барања, од кои легализирани се 71 процент, така што моментално 4.279 објекти имаат статус на дивоградба. Според овој критериум, Чаир е на трето место со 13.819 барања, од кои реализирани се 77 проценти, па моментално има 3.158 дивоградби. На трето место е Карпош со 12.688 барања, при што легализирани се 73 проценти, па моментално има 3.377 дивоградби.

Понатаму, во Општина Ѓорче Петров пристигнале 12.484 барања за легализација и моментално има 4.847 дивоградби, што значи дека процентот на легализација бил 61. Следуваат Аеродром со 9.843 барања и моментално 5.066 дивоградби (49 проценти), Бутел со 8.511 барања и 1.850 дивоградби (78 проценти), Центар со 7.134 барања и 1.334 дивоградби (81 проценти) и Шуто Оризари со 6.805 барања и 2.273 дивоградби (67 проценти).

Што може да се заклучи? Гази Баба е на врвот на листата според моментални дивоградби бидејќи, покрај другото, има и понизок процент на позитивно одговорени барања (45 отсто). Двојно, па и повеќе од двојно помалку дивоградби моментално имаат Кисела Вода, Чаир и Карпош, бидејќи таму процентот на легализирани објекти надминува 70. Сепак, најмногу легализирани дивоградби имаат Центар со 81 и Бутел со 78 проценти.

Исто така, може да се констатира дека Чаир котира пониско на листата на општини со актуелни дивоградби (6 место), но котира повисоко на листата на вкупен број дивоградби пред голем дел од нив да бидат легализирани (3 место). Она што патем зачудува е што најмал број барања за легализација се поднесени во Шуто Оризари (6.805), што е помалку дури од Општина Центар (7.134), која важи за една од најсредените општини во урбанистички поглед?!

КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА ВО ДРЖАВАВА?

Каква е ситуацијата во другите поголеми општини? Во Куманово, на пример, имало 26.256 барања за легализација, но висок процент биле легализирани (80), така што сега има 5.366 дивоградби. Во Прилеп имало помалку барања – 20.515, но и процентот на реализација бил помал (58), па сега има повеќе дивоградби – 8.515 дивоградби. Во Битола, пак, имало 17.543 барања, но сега има 4.089 нелегални објекти, откако 77 отсто од дивоградбите биле легализирани.

Подолу на оваа листа се наоѓа Општина Охрид, која примила 15.939 барања за легализација, а по позитивното решавање на 52 проценти од нив сега има 7.589 дивоградби. Приближно толку барања стигнале и во Општина Гостивар (15.591), каде сега има 8.878 дивоградби (43 проценти). Во Тетово, пак, имало 14.528 барања за легализација, а сега има 8.265 дивоградби (43 проценти).

Значително повисок степен на легализација се забележува во Штип, каде што биле доставени 13.237 барања, а досега легализирани се 79 проценти и моментално има 2.837 дивоградби. Уште повисок процент има Велес, каде стигнале 10.000 барања, од кои легализирани биле дури 81 процент, така што сега таму има 1.872 дивоградби. Во Кочани, пак, биле легализирани дури 96 проценти од поднесените 8.473 барања, па сега има само 358 дивоградби.

Вреди да се издвојат и Општина Струмица, каде стигнале 12.971 барања и моментално има 5.235 дивоградби (60 проценти), потоа Кичево со 12.538 барања и моментално 7.071 дивоградби (44 проценти), како и Струга која има слаб процент на легализирани дивоградби од 28 отсто, со оглед дека пристигнале 10.723 барања, а моментално има 7.674 дивоградби. Меѓу локалните самоуправи со низок степен на реализација се и Арачиново со 12 процентиЛипково со 14 процентиПласница со 16 проценти, а нешто над 20 проценти имаат Градско, Дебарца, Долнени, Крушево…

Врз основа на сето тоа, може да се извлече генерален заклучок дека поголем број дивоградби има(ло) во поголемите општини, додека бројот на моментални дивоградби во голема мера го определил процентот на легализирани дивоградби. Оние општини што досега легализирале повеќе дивоградби, автоматски денес имаат помалку дивоградби, но тоа не значи дека порано ги немало. На крајот, кога се говори за дивоградби треба да се прави разлика меѓу семејни куќи изградени до 2011 година и станбени згради подигнати по оваа гранична година.

   

Најново

Овие 10 намирници се најдобри и најздрави за појадок: Одлични се за зголемување на енергијата и за сити до ручек

Sase Ivanovski

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Ристески од Штип – Објавен оглас за обука на работно место кај конкретен работодавач

Sase Ivanovski

Крива Паланка беше домаќин на вискока делегација од Република Словенија

Sase Ivanovski

Руските саботажи во Европа во пораст

Sase Ivanovski

Филипче пред градската организација на СДСМ за Скопје: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Sase Ivanovski

Ограбил куќа во Скопје, украл накит и техника вредни 296.000 денари – обвинителството бара притвор

Sase Ivanovski

За првпат, Иран лансираше ултратешка ракета „Саџил“ со среден дострел кон Израел

Sase Ivanovski

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ ВО АРАЧИНОВО, СТАЈКОВЦИ И НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА Повик до граѓаните да не излегуваат од дома

Sase Ivanovski

Град Скопје објави јавен повик за субвенции за велосипед!

Sase Ivanovski

Можни се поплави од Скопска Црна Гора вечерва, ЦУК има важно предупредување

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши: Над 4.500 граѓани веќе аплицирале, голем интерес од невработените за мерките од Оперативниот план

Sase Ivanovski

Одбрана или демонстрација на сила? Русија гради воен комплекс кај границата со Финска

Sase Ivanovski

Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Sase Ivanovski

Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува до атомска нестабилност

Sase Ivanovski

Стејт департментот го осуди откажувањето на Европската рабинска конференција во Сараево

Sase Ivanovski

Милановиќ: Израел во моментов е предводен од криминална елита, која сака да го вовлече светот во војна

Sase Ivanovski

Мотоциклист од Кавадарци е во болница со тешки повреди, се судрил со автомобил

Sase Ivanovski

Додик во Санкт Петербург: Руската подршка за Република Српска останува стабилна

Sase Ivanovski

Иран е речиси целосно без интернет

Sase Ivanovski

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Sase Ivanovski

Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

Sase Ivanovski

Уште еден американски носач на авиони ќе пристигне во Средоземно Море

Sase Ivanovski

Израелски напад близу седиштето на Националната полиција во Техеран

Sase Ivanovski

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за „поддршката“ во војната против Иран

Sase Ivanovski

Судирот меѓу Израел и Иран води кон астрономски скок на цената на нафтата – драма на светските пазари

Sase Ivanovski

Иран ги повика жителите на Хаифа да се евакуираат

Sase Ivanovski

Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште на фирма осомничена за криминал во „Адитив“

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

Sase Ivanovski

Двајца војници повредени при гаснење пожар во тетовската касарна

Sase Ivanovski

38 РАКОПИСИ ПРИЈАВЕНИ ЗА НАГРАДАТА „ОЛИВЕРА НИКОЛОВА“ Победникот ќе добие 60.000 денари, романот ќе се објави во посебна едицијана романот

Sase Ivanovski

Тинејџери од Скопје запалиле кабел, па предизвикале пожар

Sase Ivanovski

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

Sase Ivanovski

Георгиевски по повод 35-ти роденден на ВМРО ДПМНЕ: Нема простор за честитки. Партијата денес стана симбол на Македонија приврзок на србскиот свет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пуштен во сообраќај регионалниот пат Бељаковце – Клечовце

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за  инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев денеска одржа серија работни состаноци во СВР Велес  како дел од стратегија за подигнување на нивото на безбедност во сите сегменти

Sase Ivanovski

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ: Нема ден да не се соочуваме со предизвици како резултат на недомаќинското и нестручното управување со производствените,капацитети во изминатите години

Sase Ivanovski

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ

Sase Ivanovski

Државата ќе треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Sase Ivanovski

Иранскиот лидер се заканува со сериозни последици во случај на напад од САД: Нема да се предадеме на никого

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Индонезија: Многу летови до Бали откажани поради ерупција на вулкан

Sase Ivanovski

 Муртезани: „Проширувањето мора да се води според Копенхашките критериуми“

Sase Ivanovski

Фронт 21/42: Институциите не постапуваат по претставката поднесена во врска со незаконската изградба на хотелот во Горица

Sase Ivanovski

Во центарот на Кочани ќе се гради спомен-обележје во чест на починатите во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

„Шарли Ебдо“: Кој прв ќе го открие датумот на смртта на Хамнеи ќе го посети Техеран

Sase Ivanovski

Власта нема Бадентерово мнозинство, измените на изборниот законик на почек

Sase Ivanovski

Срамно е независните да бидат исклучени од изборите, експертски реакции по опасноста да заглават измените на Изборниот законик

Sase Ivanovski

Калас: Русија „нема шанси“ ако земјите од НАТО останат обединети

Sase Ivanovski

Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во скопски Центар

Sase Ivanovski

Лишени од слобода возачи во Штип и Берово, управувале возило и мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ФОТO | Се појави нова мини-депонија, сега зад плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Sase Ivanovski

Тошковски од Салцбуршкиот форум: Само заедничка соработка ќе ја направи Европа побезбедна, посилна и пообединета

Sase Ivanovski

ХЕЦ ЧЕБРЕН ДА СЕ ГРАДИ СО ПАРИ ОД БРИТАНСКИОТ КРЕДИТ Експерти од МАНУ оценуваат дека јавниот долг нема порасне, ако парите се повлекуваат во вистинско време

Sase Ivanovski

СЛАВНАТА ПЕЈАЧКА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СЦЕНАТА „Одам да го победам ракот“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ЗНАЕ ШТО НУДИ СЕКОЈА БОЛНИЦА, ПА И КОЛКУ ХИГИЕНИЧАРКИ ИМА Алиу најави нов информативен портал за здравствените услуги

Sase Ivanovski

КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности

Sase Ivanovski

Данската министерка за европски прашања, Бјер во Скопје: Данска ќе биде фокусирана на проширувањето на ЕУ, моментот е тука и искористете го

Sase Ivanovski

ПРИЗНАНИЕ ЗА 45 ГОДИНИ НА СЦЕНА Рисима Рисимкин ја доби наградата „Ѓорѓи Македонски“

Sase Ivanovski

„ЕУ НЕ Е САМО ПОЛИТИКА, ТУКУ КОНКРЕТНА ПОМОШ“ Перински откри како ќе се подобри секојдневието

Sase Ivanovski

„МУ ГО УБИЈА ДЕТЕТО, СЕГА САКААТ ДА МУ ГО ОДЗЕМАТ И ДОСТОИНСТВОТО“ Туфегџиќ побара судот да го ослободи таткото на Вања  

Sase Ivanovski

ВОЈНИК УБИВА ПА ОДИ НА РАБОТА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Хрватска во шок по двојното убиство во Загреб

Sase Ivanovski

ТРИ ДУПКИ НА МАПАТА ПОКАЖУВААТ КАДЕ ИМА ВОЈНИ ВО СВЕТОТ Авионите кружат околу Украина, Израел, Иран, Пакистан…

Sase Ivanovski

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО КИЕВ СЕ ИСКАЧИ НА 21 ЛИЦЕ Во теророт кој траеше 9 часа употребени се 440 дронови и 32 ракети

Sase Ivanovski

ХАМНЕИ ГИ НАРЕЧЕ ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП СМЕШНИ И ЗАКАНУВАЧКИ „Ако САД се вмешаат, штетата ќе биде непоправлива“

Sase Ivanovski

„ИЗРАЕЛ Е ХРАБАР, ЈА ВРШИ ВАЛКАНАТА РАБОТА“ Мерц коментираше, стигна одговор од Захарова

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Натпревар во што поидиотски ставови, СДС повторно шампион – Навредите за „врховизам“, „изолација“ и „антиевропски вредности“ се обид да се покрие реалноста: нивното време помина, народот ги порази, а денес државата конечно има стабилна и одговорна власт

Sase Ivanovski

Само Америка има бомба доволно голема за да го уништи Фордо

Sase Ivanovski

Манасиевски: Истрагата за Кочани се спроведува неселективно и во целост, а Филипче и Шарените знаат само да злоупотребуваат трагедии

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем – Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

Sase Ivanovski

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција за копнено војување во Лондон

Sase Ivanovski

Герасимовски: За музичките сладокусци на 28 јуни Центарска симфонија под отворено небо со Александар Тарабунов, камерен оркестар и бенд

Sase Ivanovski

Туфегчиќ: Обвинението против Александар Ѓорчевски е паушално и без докази

Sase Ivanovski

Одбраната: Кешишев бил жртва на Палевски, не сторител

Sase Ivanovski

Манев: Палевски прво ја сликаше Вања па ја уби

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Светот е во своевиден вакуум – ниту е во мир ниту е во војна или истовремено е во обете состојби

Sase Ivanovski

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба – вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации

Sase Ivanovski

Мицкоски: Со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ

Sase Ivanovski
Вчитувам....