ГТЦ не пропаѓа поради „напливот“ на модерни затворени молови, како што некој би помислил, туку поради лошото управување со децении, кое се манифестира со договори што финансиски ги цедат приватните дуќанџии, превработеноста и недомаќинлакот на партиски делегираните директори низ годиниве. Денес просторот не изгледа ни приближно како пред шест години. Фонтаната не работи, зеленилото е запуштено, а шах не може да се игра зашто фигури нема. Клупите ги користат вработените од околината, кои ја поминуваат паузата таму. Навечер, нив ги заменуваат младите.
Државата суверено го управува трговскиот од самото отворање во 1973 година, иако од пред две децении, околу 70 % од дуќаните се приватни. Но, и денес државата поседува речиси 98 % од акциите.
View this post on Instagram