Враќањето на земјоделските имоти трае повеќе од 30 години, а крајот не му се гледа. Уште полошо, до ден-денес има огромни проблеми со идентификување на земјиштата кои се предмет на реституција, вели министерот Георги Тахов во рамките на собраниската расправа. Темата ја покрена Галин Дурев, пратеник од левицата, кој го праша министерот колку незавршени процедури за реституција и обесштетување има и колку се имателите на правата кои не успеале да ги утврдат границите на нивните имоти и не им е донесено решение од општинската канцеларија за земјоделство за враќање на имотот во реални граници?
За разлика од законот за враќање на шумите, каде што има рок до кога општинската канцеларија за земјоделство мора да донесе решение, во законот за враќање на сопственоста на земјоделски имоти нема рокови, наведува министерот за земјоделство во својот одговор. Забавувањето на реституцијата на нивите, лозјата, ливадите и слично, тој го објаснува со тоа што барателите се трета и четврта генерација наследници на сопствениците на кои тогаш им беа одземени имотите, а не можат да ги идентификуваат старите граници, односно не знаат каде се имотите, пишува „Сега.бг.њус“. Во 2015 година беше воведен петгодишен мораториум за отуѓување на земјоделско земјиште кое може да се врати – за да се остави време за завршување на постапките за реституција. На крајот на 2020 година „замрзнувањето“ беше продолжено за уште пет години – за да им се даде време на општините да го најдат „потребниот земјишен ресурс за да се заврши реституцијата. Терминот завршува на 23 декември 2025 година.