10.8 C
Скопје
02/06/2025 02:09
МАКТЕЛ

     

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

      

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот.   Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи монографијата за Светиева издадена 2023 година, со што се заокружува долгогодишното следење и истражување на богатиот творечки опус на еден од најзначајните македонски скулптори.


Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една пиширока платформа која ги преминува границите на регионот.
Во почетокот на седумдесеттите , поинаквите видувања не само на формата, на појавниот облик, туку и на некои суштински прашања во однос кон делото, беа причина критиката да ги дефинира скулптурите на Анета Светиева (веќе во нејзините првични настапи) како дела со јасен концептуален и изведувачки проседе, вон од тогашните вообичаени јазички модели. Тие блескави мигови вон од општите стилски движења и веќе контурирани шеми, создаде еден индивидуален пробив во скулпторската материја. Нејзиниот самостоен пластички исказ кој се наметна со силината на автентичноста надвор од главните актуелни текови, го иницира внатрешното битие на делото, неговата вибрација што реагира на живиот дух на времето како знак на современоста. Внатрешните диктати се генерирани од изворите на нејзиниот интерес за етносот, фолклорот и печената земја како исконските артефаки, како прилози на делување на еманципираниот човечки дух. Нејзиното творештво е во темелен дијалог со етнолошката ризница и обичаите на Балканот и пошироко, врз кои што ги гради сопствените митолошки пејзажи и ги воскрснува колективните митови до степен на универзалното. Во нејзините форми, материјализираната идеја се наметнува со убедливо сведоштво за густо, слоевито преплетување на уметноста на сегашниот миг и оние слоеви кои можат да се разбудат во секој творец. Тој спој е кај Анета реализиран и нагласен и во него е содржан и одговорот на круцијалното прашање за потеклото и слоевитото значење на нејзиното дело. Во каталогот за изложбата во Белград, 1984, Анета кажува : “Моите размислувања, некој флуид …и порано, веке во првите чекори, беа насочени кон овој свет на митот како автохтоност, автентичност, како мој идентитет искажан со синтагми, со секвенци од разновидните области и начини на сфаќањето на животот на мојот народ, на мојата почва и поднебје. Се е поврзано на некој начин.”

Сугестивните акценти – контурите, цртите на лицето, еротските и метафоричките индикации, ироничните белешки, цинизмот, симболиката и енергијата, страста на допирот, внатрешната напнатост, сетилноста, љубопитноста и играта, истражувачко-експерименталниот порив, задоволството во создавањето … го прават инвентарот на средствата во интеракцијата на погледот и допирот, на обликот, бојата, вдлабнатините и засекувањата, во енергијата која сака да избие. Тие зборуваат за најдлабоките човечки страдања и стравови и за елементарните животни задоволства и радости, за љубовта, но и за насилството и за смртта, за обидот да се надвладее стравот, ги отвораат вратите кон она другото, непознатото и никогаш разбрано до крај. Во нив се чувствува некој жив дух кој таинствено лебдее над формите и облиците, над линиите, засекувањата, тактилните траги на прстите што обликуваат стварност по себе. Свртена кон оние теми и вредности што одамна, со векови, биле присутни во живите преданија, во живата фантазија на македонскиот народ, воспостави една магична синтеза меѓу поетиката на руралното и урбаното, на минатото и сегашното, а со тоа го создаде и богатството на нејзината визуелна нарација. Нејзините дела не се искинат фрагмент од светот, туку затворен универзум кој опфаќа една животна зона, еден чист круг кој во себе го содржи сето она што може да постои и надвор од него.

Во наречниците, капачките, обележјата, реките … во Еросот и Танатосот, во Двојниците … не е тешко да се препознаат архетипските слики на стравот, неизвесноста, очекувањата … кои од дамнешни времиња го следат човекот, немоќен да се разбере себеси во светот и да ги објасни силите на природата и на универзумот. Од тие архетипски форми, напластени во сложените слоеви на колективното несвесно, се ослободува тензична, набиена и набабрена психичка енергија која пробива во свеста секогаш кога егото е загрозено, кога доаѓа до нерешливиот конфликт меѓу човекот и опкружувањето. Сите нејзини дела содржат сопствена тајна во судирот меѓу животот и смртта кој прерасна во повисок симбол на нејзината уметност. За неa животот не е оптимистичка егзалтација, како што ни смртта не е светска трагедија; всушност, разликата е мала, речиси безначајна, тоа е судир без победник…Скулптурата на Светиева е оригинална и во најголема мера осамена појава. Може со сигурност да се каже дека севкупното нејзино творештво е создадено во, денес, една заборавена категорија на инстинктивна, ослободена потреба за создавање која не може да се верифицира со вообичаените важечки стандарди за оваа област на уметничкото дејствување.

Во сликањето на  животот, на човековите траги во времето и во просторот, ја покажа својата голема дарба: од елементарните животни ситуации врзани за обичаите, навиките, сеќавањата … создаде импозантно уметничко дело чие кажување ве принудува да го слушнете ехото на враќањето кон волшебните светови, кон темелните вредности, и пред нас се појавува едно големо, заокружено и целовито дело, комплетен уметнички одраз на времето.
Биографија
Анета Светиева е родена во Битола 1944 година. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) година, завршила во Белград.

   

Во периодот 1965 – 1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добива три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се враќа во Македонија. Од 1977 година работи во Институтот за фолклор, 1988 докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990 година се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што, во 1995. станува редовен професор. Нејзините учества на значајните меѓународни ликовни манифестации, секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовниуметности во Венеција 1997 година, каде што  е забележана како автор со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на  автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја.


Проектот е куриран од Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, во соработка со д-р Ана Франговска, куратор советник, Маја Неделкоска Брзанова, куратор советник и Маја Чанкуловска Михајловска, виш куратор. 

   

Најново

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)„Арсовска фати на дело диво поврзување на канализација – Полицијата ѝ спушти слушалка!“

Sase Ivanovski

Сузбиен е црниот пазар на лекови за болни од канцер – Клековски: Со 10 долари придонеси нема здравство како во Шведска

Sase Ivanovski

Сместен по должината на брегот на Химаре, Албанија, ZigZag Resort е проект на JA Joubert Architecture во соработка со UNS Architects. Одморалиштето усвојува линеарна цик-цак конфигурација што ја следи топографијата на теренот, овозможувајќи поглед низ целата локација …..

Sase Ivanovski

Клековски – со десетина евра придонеси не може да има здравство како во Шведска

Sase Ivanovski

Србин прободел двајца луѓе во Минхен, една од повредените му била поранешна девојка

Sase Ivanovski

По вчерашниот зафат, од „Водовод“ потврдија дека водата е безбедна за пиење

Sase Ivanovski

РЕНОВИРАНО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ ВО ИЈЗ Направена е соба со аудиометар, спирометар, проширено е и приемното одделение

Sase Ivanovski

Владата на британскиот премиер Кир Стармер не се откажува од плановите за отворање на „центри за враќање“ на мигранти во земјите од Западен Балкан

Sase Ivanovski

Чешки министер поднесе оставка откако доби донација од биткоини од осуден дилер

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ: Токму кога ќе ги завршиме подготовките за Експото, ќе одржиме предвремени избори, а на тие избори… се плашам дека направија голема грешка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КСЕНИЈА НИКОЛОВА: Таман кога ќе помислиме дека сме многу паметни, животот ќе ни лупне шлаканица и ќе не врати на клупа пак да се креваме од пепелта

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема – Кои се рeалните опции за деблокада на преговорите со ЕУ?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трилинг – Какви се шансите за репреговарање на договорот со Бугарија?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ПОГОДИ 40 РУСКИ АВИОНИ ПРЕД НАЈАВЕНИТЕ ПРЕГОВОРИ? Операцијата „Пајажина“ била планирана 18 месеци

Sase Ivanovski

БУГАРСКИ ЕВРОПРАТЕНИК ПРОБУВА ДА ВМЕТНЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ АМАНДМАН Мицкоски вели дека живковизмот е уште присутен во Софија

Sase Ivanovski

БАЈДЕН СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРВПАТ ПО ДИЈАГНОЗАТА ЗА РАК Откри кои се шансите да се избори со болеста

Sase Ivanovski

Ангелов: Наесен е можно спојување на ЦУК и ДЗС и формирање на специјална противпожарна единица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БУГАРСКИОТ ЕВРО ПРАТЕНИК КОВАЧЕВ: Македонците имаат право да се определат како Македонци, но немаат право да ја фалсификуваат бугарската историја

Sase Ivanovski

ЈА НАВРЕДУВАЛ И ВОЗНЕМИРУВАЛ ПОРАНЕШНАТА Кавадарчанец уапсен по пријава за психичко насилство

Sase Ivanovski

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“

Sase Ivanovski

Арсовска: Мицкоски еден ден ми се презентираше како чесен професор, а друг како мафијаш

Sase Ivanovski

ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ВО СООБРАЌАЈКА 19-годишник од Кавадарци со тротинет се судрил во „фолксваген“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНДРЕЈ КОВАЧЕВ: ОД КОГА ПОСТОЈАТ МАКЕДОНЦИ ЌЕ КАЖЕ НАУКАТА, НЕМА ШТО ТУКА ДА СЕ МЕШААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ СО РЕЗОЛУЦИИ

Sase Ivanovski

Тројца мртви во пожар во болница во Хамбург, над 50 се повредени

Sase Ivanovski

ИМ НАШЛЕ 19 КУРШУМИ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО СКОПЈЕ Уапсени двајца турски државјани

Sase Ivanovski

Се урна мост во Русија, падна врз воз, најмалку седум мртви, десетици се повредени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОМБА НА АНГЕЛОВ: Пола од 300 вработени во ЦУК и пола од 500 во ДЗС само ја клатат вратата и веднаш треба да добијат отказ

Sase Ivanovski

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ХАУС МАЈСТОР, КОГО ГО ПРАЌААТ ДА ПОПРАВА РАСИПАНИ РАБОТИ, ТАКВА БЕШЕ ДИК, ТАКВА СЕГА Е ДЗС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: АКО НЕ ПОКАНИ МИЦКОВСКИ ПАК ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ВО ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Димитар Апасиев ја потврди и бетонира коалицијата помеѓу Левица, ДУИ и Данела Арсовска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: ФЕТАИ МИ БЕШЕ КАКО БРАТ, ТОЈ ГИ ИМА СИТЕ МОИ ПАСВОРДИ ОД ИМЕЈЛИ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: СО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СУМ БЛИЗОК ПРИЈАТЕЛ НАД 20 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ: СО ВЛЕН СЕ СКАРАВМЕ ЗАТОА ШТО ТАМУ СИТЕ ОСВЕН МЕНЕ СЕ РЕЦИДИВ ОД ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТАРАВАРИ НА СИТЕЛ: ИЗБРАВ НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ ЗА МОЈАТА ПАРТИЈА, ИНАКУ УБАВО МИ БЕШЕ ДА СИ БИДАМ МИНИСТЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ ВО ЈАВНОСТА СЕ ПОЈАВИ ВАСИЛ ТУПУРКОВСКИ ЦИЛЕ

Sase Ivanovski

Без струја утре на неколку локации во Карпош и Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

(Видео) Илиевски: Драган Петрушев е втор заштитен од Мицкоски и Коцевски

Sase Ivanovski

Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија

Sase Ivanovski

Tрапановски: Подготвен сум да го дадам најдоброто, тактичката подготвеност ќе биде најважна со Белгија

Sase Ivanovski

Уапсена тинејџерка од Гостивар, полицијата пронашла пиштол во нејзиното возило

Sase Ivanovski

Вреди: Хаосот кој го предизвикува Арсовска е плод на соработката на ДУИ со Левица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Арсовска „лае“ по Мицкоски, од ДУИ во тишина си ја завршуваат работата

Sase Ivanovski

Арсовска со реакција на изјавата на Мицкоски: Срам сте вие, не гордост

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ако градоначалничката добива закани по живот, ја охрабрувам веднаш да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Полицијата за два дена лиши од слобода осум возачи за „безобѕирно“ возење

Sase Ivanovski

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штитат началник на СВР Штип

Sase Ivanovski

По деветти пат низ Скопје ќе се „вози право“: поради трката попладнево посебен режим на сообраќај

Sase Ivanovski

За една година 461 тужба за каснување од кучиња, најмногу искасани во Аеродром

Sase Ivanovski

Во јули ќе се знае кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ против Нори ќе игра за историја – може да запише уште една „стотка“!

Sase Ivanovski

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski
Вчитувам....