Пораката на Планот за раст е мошне јасна – тоа е сеопфатна понуда од Европската Унија за Западен Балкан за да се поттикнат социоекономските услови кои што отвораат нова страница во нашите односи. Вклучува збир мерки кои што нудат прогресивен пристап до единствениот пазар на ЕУ, до заедничкиот регионален пазар како и механизми за стимулирање реформи. Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економската конвергентност пред пристапувањето. Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија на прес конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Владиниот медиа центар. Тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда.
-Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, туку е алатка за да се поддржат подготовките на земјата за ЕУ. Реформската агенда не е лек за сите болести туку претставува заеднички напор за да се спроведат потребните реформи кои може да го трансформираат општеството. Владата се обврза кон младите, бизнисите, НВО и кон медиумите дека ќе ги унапредува реформите со што ќе донесе опипиливи придобивки за земјата и ќе напредува кон ЕУ. Ова ќе го правиме заедно, ќе ги мобилизираме сите капацитети на Владата, рече Рокас. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани укажа на важноста на Планот за комуникација и видливост на Планот за раст која, рече е клучот на упсешноста на реформите. -Добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на рефиормите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се пруслов граѓаните да почувствуваат дека рерормите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот, рече меѓу другото Муртезани. Планот за комуникација и видливост е создаден во тесна комуникација со Делегацијата на ЕУ, пртеставува стратешки документ и зацртана смерница и јасна определеност за отвореност и транспарентност кон сите граѓани и нивно вклучување во спроведувањето на реформите.