МАКТЕЛ

    

Рецепт за дезинформации: Папаја, морски плодови и многу лешници Како набавките за државните ресторани стануваат расипништво на функционерите

      

Кога се на власт само вршат редовни набавки, а кога се во опозиција, истите тие набавки стануваат корупциски афери за „гладните и алчни функционери.“ Партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ги копираат однесувањата едни од други кога треба да ја извршуваат опозициската улога на коректор на власта, па, освен што откриваат скандали со корупција или недомаќинско работење, знаат и да создадат случаи со полуинформации или со прикривање на контекстот. Така, петпати во изминатите неколку дена, СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека се храни „со луксузна храна на грбот на народот“ – папаја, манго, аспарагус. Според партијата, „милионски суми народни пари се трошат за ексклузивни деликатеси, додека работниците се борат да преживеат со мизерни плати“. И лидерот на СДСМ, Венко Филипче рече дека владата „сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго.“Во своите настапи, опозициската партија алудира на двата договори што ги склучи владината Служба за општи и заеднички работи при крајот на февруари со скопската фирма „Макмонт“ за набавка на овошје и зеленчук, вредни 35 илјади евра. Со нив се нарачуваат повеќе од 80 видови производи – меѓу другото 600 килограми банани, 1.100 килограми јаболка, 1.500 килограми домати, 2.200 килограми краставици, но и 15 килограми авокадо и 10 килограми папаја.

Оваа кампања потсети на една афера што ВМРО-ДПМНЕ ја пласираше во 2017 година, претходниот пат кога се сменија улогите на власт и опозиција меѓу овие две партии. ВМРО-ДПМНЕ, на својата интернет-страница не чува содржини постари од 2022 година, но во медиумските архиви останаа запишани партиските обвинувања дека тогашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска „нарачала лешници и бадеми во износ од 5.000 евра“ додека „парите за граѓаните и за безбедноста се кратат“ и „за потребите на војниците нема мрднато со мал прст“, а бидејќи лешниците не ѝ биле доволни, „без грам срам, надвор од човечкиот разум, набавувала и морски плодови во вредност од 80.000 евра.“ Кој јаде – плаќа

Сите што ги користат државните ресторани треба да платат сметка | Фото: Pexels, Gül Işık

   

Сите што ги користат државните ресторани треба да платат сметка | Фото: Pexels, Gül Işık

Две нешта се заеднички за овие набавки. Прво – дека станува збор за храна, која е над основната потрошувачка кошничка и над платежната способност на просечниот македонски потрошувач. И второ – во ниту еден од двата случаи не стануваше збор за купување храна за функционерите со државни пари, туку за редовни годишни набавки за рестораните со кои стопанисуваат овие две институции – Службата за општи и заеднички работи и Министерството за одбрана. Во тие ресторани се јаде, но се плаќа сметка. Во разговор за БИРН, актуелниот директор на Службата, Ивица Томовски појаснува дека тендерот за овошје и зеленчук е редовна годишна набавка за потребите на рестораните во Собранието, Владата, Клубот на пратениците, кај претседателот на државата, претседателската и премиерската вила во Охрид, и во државните вили во Дојран и на Попова Шапка.

„Количествата се секако претпоставени и не значи дека ние навистина ќе набавиме толку колку што е напишано, или дека ќе земеме од сите производи. Прашуваат зошто сме набавиле папаја, но, ако дојде на пример некоја странска делегација и нарача, зошто тогаш да бараме, кога веќе имаме договор со фирма што ќе ни ја достави. Ќе го платиме само тоа што имаме потреба да ни се донесе. Обично на крајот на годината, исполнетоста на овие тендери е 70 отсто“, вели Томовски. Ова се ресторани во кои имаат пристап функционерите и вработените во тие институции, но и новинари и други гости. Како што појасни директорот, на крајот сите си ја плаќаат сметката, без разлика дали се министри, пратеници или други. „Таму се помали маржите отколку во обични ресторани, но сè се наплаќа“, додава тој. На сличен начин, пред осум години, Министерството за одбрана ја демантираше аферата за лешниците и за морските плодови на Шекеринска. Тие, заедно со многу други производи, биле наменети за рестораните во Домот на АРМ, воениот камп „Свети Наум“ и воените одморалишта во Дојран и на Попова Шапка. За разлика од угостителските објекти на СОЗР, во овие ресторани има пристап секој граѓанин, но треба да ја плати сметката. „Се работи за угостителски објекти од отворен тип, што значи дека набавените апетисани се наменети за продажба. Приходите што ќе се остварат на овој начин влегуваат во вкупните приходи од продадени стоки и услуги во буџетот на Министерството  за одбрана и на годишно ниво, нивниот вкупен износ изнесува 20 милиони денари“, одговорија од МО во 2017 година. Таблоидизација наместо сериозни аргументи

Партиите знаат за што служат набавките, но ги користат за да дезинформираат | Колаж: БИРН

Партиите знаат за што служат набавките, но ги користат за да дезинформираат | Колаж: БИРН

Овие две партии, кои секогаш се менувале на чело на Владата, се добро запознаени со тоа како функционираат институциите и како се вршат јавни набавки, вклучително и тие за рестораните што ги раководат државните институции. Според тоа, колку е веројатно дека обвинувањата им се резултат на недоразбирање, а колку дека намерно користат навидум бенигни информации и им го менуваат контекстот за да произведат афери? „Мислам дека повеќе се работи за второто, иако понекогаш се креираат инцидентно микронаративи пренесени од социјални мрежи, како на пример дека актуелниот премиер наводно јаде овошна салата наутро и затоа има толку многу егзотични овошја во оваа набавка“, вели за БИРН, комуникологот Сеад Џигал. Овие појави, додава Џигал, се познати како тривијализација или евтино врамување на теми што служат за дефокусирање од високата политика или од некои поважни прашања за јавноста. Но, во нашата политичка комуникација, според него, станува збор за психолошки механизам каде што граѓаните се заинтересирани да ги фатат политичарите во својата дволичност, па следат како се облекуваат, дали носат скапи часовници, колку трошат на патувања, за да се креираат, како што вели, влијателни наративи за тоа како политичарите се откачени од реалноста и од обичниот граѓанин, се расфрлаат со народните пари и живеат во раскош. Новинарот Тео Блажевски, кој повеќе години се занимава со дезинформациите во јавната и во политичката сфера, вели дека следењето на набавките за храна за потребите на владата е тема од јавен интерес и не е нелегитимно да се отвори и да се вкрстат фактите. Но, партиите воопшто не бараат проблематични аспекти во тендерите, како постигнатите цени, целисходноста или некакви можни врски на фирмите што ги добиваат, туку само истакнуваат дека „владата набавува“ некоја храна и испуштаат да кажат дека таа е за продажба во ресторани. „Во конкретниот случај, се разбира дека не станува збор за незнаење, туку за т.н. таблоидизација на темата. Споменувањето на 600 килограми банани или на не знам колку килограми папаја, манго и други типови овошје не е ништо друго, освен сензационалистичко третирање на набавката во јавниот дискурс, со цел да се опише политичкиот противник како расипник“, додава Блажевски. Секој сака да ѕирне во чинијата

Темата за храната секогаш допира до сентиментот на обичниот граѓанин | Фото: Влада на РСМ

Постојат реални шанси за папајата на Мицкоски и за бананите на владата да се зборува и неколку години од сега. Тоа се случи со лешниците на Шекеринска, кои на социјалните мрежи се споменуваа и две-три години откако аферата беше демантирана и беше понудено објаснување. Причината за тоа е што станува збор за храна – тема што, според Џигал, многу ефектно допира до сентиментот на обичниот граѓанин, кој е секогаш заинтересиран што јадат министрите и за што потрошиле пари. „Во земја со скромен стандард како Македонија, овие теми не се тривијални, но проблемот е што лесно се инструментализираат за лични напади и критики, а понекогаш и за креирање псевдо-скандали“, вели комуникологот. Блажевски додава дека ширењето на вака скроените наративи лесно се восприема затоа што по природа публиката лесно се возбудува со сензационализам, а голем дел од јавноста не е запознаена со контекстот – дали е тоа годишна, месечна, неделна набавка, кој ја плаќа, има ли драстично отстапување од вообичаената цена и слично. „Тоа, партиите во своите кампањи не го кажуваат, а дел од вината оди и кај медиумите зашто не го појаснуваат. Пренесувањето на сензационалистичкиот речник во комуникацијата со јавноста на партиите, без уредничка интервенција – избалансиран наслов, појаснување и контекст – само ја подзасилува реториката на партиите, која, ваква каква што е, доведува до банализација на проблемот или правење проблем таму и каде што тој не постои“, вели Блажевски.

  

Најново

Мицкоски: Започна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандал, на министерот на Мицкоски му е забранет влез во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: Клинчаров бил главен поддржувач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ОЈО да постапи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Николова: Јаневска продолжува со еднострани одлуки за гимназиското образование

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прво директно ТВ-соочување – синдикалниот лидер Слободан Трендафилов и пратеникот Бране Петрушевски: Дали оваа битка за минималната плата ќе донесе решенија или само ќе ја продлабочи кризата?

Sase Ivanovski

Вработените во УСАИД добија нови инструкции, наредено им е да ги исечат и запалат доверливите документи

Sase Ivanovski

Се влоши состојбата на таткото на Вања додека Манев сведочеше дека требало да се грабне жена на 40 години, а не Вања

Sase Ivanovski

Што најмногу извезувала македонската економија на почетокот 2025 година?

Sase Ivanovski

Баз Олдрин штотуку наполни 95 години

Sase Ivanovski

ШОКАНТНО: ВАЊА БИЛА ГРАБНАТА И УБИЕНА ПО ГРЕШКА, ЦЕЛ БИЛА 40 ГОДИШНА ЌЕРКА НА ФАРМАЦИСКИ ГИГАНТ КОЈА ЖИВЕЕЛА ВО ИСТАТА ЗГРАДА!!!

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ВЛЕГОЛ ВО ЗЕМУНСКИ КЛАН ФИЛМ, ПЛАНИРАЛ ДА КИДНАПИРА БИЗНИСМЕНИ И НИВНИ ДЕЦА И ДА БАРА ОТКУП!

Sase Ivanovski

НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1935-ТА ВО СРБИЈА Е РОДЕН МИХАЈЛО ПУПИН, РОДИТЕЛИТЕ МУ БИЛЕ ОД ВЕВЧАНИ, БИЛ ПРОФЕСОР ПО ФИЗИКА ВО ЕЛИТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ ВО САД: Значително помогнал во развојот на телефонот и фото камерите

Sase Ivanovski

Постарите карпошани ќе се обучуваат да користат електронско банкарство и социјални мрежи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ СПРЕМА ЛИ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА: Макрон ги собра во Париз началниците на 34 армии во светот, САД не беа поканети, меѓу најголемите беа Британија, Италија, Турција, Јужна Африка, Австралија, Канада

Sase Ivanovski

Бугарските компании за брзи заеми сакаат „ценовен плафон“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Андоновиќ: Федералното обвинителство на БиХ издаде налог за апсење на Додик, но нема кој да го уапси

Sase Ivanovski

Десничарската опозиција победи на парламентарните избори на Гренланд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕЛОН МАСК: ТРЕБА ДА СЕ УКИНЕ ДРЖАВНИОТ ПЕНЗИСКИ ФОНД И ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ПЕНЗИОНЕРИ ИНАКУ НА САД НЕ И ГИНЕ БАНКРОТ

Sase Ivanovski

Бесија Иљази призна вина со судски преведувач за злоупотреба на службената положба на Токсикологија и куртули од затвор

Sase Ivanovski

Потребна е електронска дозвола за патување за влез во Обединетото Кралство од април 2025 година

Sase Ivanovski

Пописот на населението на дневен ред на Уставниот суд

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протести на Менхетен за ослободување на палестинскиот активист кого Трамп сака да го депортира

Sase Ivanovski

Сикорски: Испораките на оружје од Америка за Украина преку Полска продолжија, „Старлинк“ работи

Sase Ivanovski

Eкономскиот пад продолжува: Австрија трета година во рецесија

Sase Ivanovski

Руската разузнавачка служба и ЦИА договориле редовни контакти

Sase Ivanovski

Лекарската комора повикува да се спречи насилството врз здравствените работници

Sase Ivanovski

Обвинителството на БиХ издаде наредба за апсење на Додик

Sase Ivanovski

Со поставување на камен-темелник ќе започнат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“

Sase Ivanovski

Лавров: Во никој случај мировните сили на НАТО не можат да бидат во Украина

Sase Ivanovski

Трансплантација на бубрег чекаат околу 160 пациенти, најмладиот пациент кој оди на дијализа има 13 години

Sase Ivanovski

Лавров: Москва е отворена за разговори со САД и Кина за нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Рубио го поздравува договорот меѓу сириските курдски сили и новата влада

Sase Ivanovski

20 фанови на Трамп во ТВ дуел со еден левичар во САД, се случи масакр

Sase Ivanovski

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, денеска ќе биде сослушан Велибор Манев

Sase Ivanovski

Од „безбедносни причини“ затворено американското Министерство за образование

Sase Ivanovski

Стапија на сила царините на Трамп од 25 отсто за челик и алуминиум

Sase Ivanovski

Пакистанските специјалци ослободија 155 патници од патнички воз нападнат од сепаратисти

Sase Ivanovski

Трамп ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Руте и со премиерот на Ирска

Sase Ivanovski

Ватикан: Папата веќе не е во животна опасност

Sase Ivanovski

Сирија потпиша договор за прекин на огнот со Курдите

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и ветровито, попладне и во текот на ноќта пороен дожд

Sase Ivanovski

Општина Центар со финансиска поддршка на проектот „Светски ден на поезијата“

Sase Ivanovski

Песков: Колку оружје навистина имаат украинците?

Sase Ivanovski

Се огласи и Зеленски, прв пат откако се согласи на прекин на огнот

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ КОЛЕЌЕВСКА: Инвестицијата од милијарда евра на „АКСА“ предвидува пониска цена на струјата и државна сопственост на инфраструктурата

Sase Ivanovski

ПОЗНАТО КОЛКУ ЛАНИ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИОТ СЕКТОР – НБМ ги објави бројките, а еве што им донесе најмногу пари на банкарите

Sase Ivanovski

ПРОФЕСИЈАТА Е ДЕЛ ОД НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ: На кој начин работата го оформува карактерот на една личност?

Sase Ivanovski

ЗА КОЈА ВОДА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАТИЈА 7 МИЛИОНИ ЕВРА? Се бара и пие од 1968 година до сега!

Sase Ivanovski

УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК: Нападот на Москва покажува дека можеме да реализираме многу сериозни акции

Sase Ivanovski

„КИВАМ ПО 100 ПАТИ, ОЧИТЕ ПЕЧАТ, НОСОТ ЗАПУШЕН“: Алергиите во рана пролет стануваат неподносливи

Sase Ivanovski

МЕРКЕЛ: Германците и Европејците да се обединат пред тешките предизвици или ќе бидат „сомелени“

Sase Ivanovski

Романија: Џорџеску не може пак да се кандидира за претседател, одлучи Уставниот суд

Sase Ivanovski

Трамп по само неколку часа се откажа од удвоените царини за Канада, Онтарио ќе пушта струја за САД

Sase Ivanovski

Уште една тешка несреќа синоќа кај селото Раец – се судрија камион и цистерна, еден повреден

Sase Ivanovski

Во јануари Турците биле најбројни странски туристи во Македонија

Sase Ivanovski

Брисел ќе ја спасува автомобилската индустрија, најави голем план

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интер против Баерн во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Трајчулески: Смената на пет луѓе од Судскиот совет нема да ја врати довербата во судството

Sase Ivanovski

Ова е сериозен чекор напред, вели шефот на украинската дипломатија

Sase Ivanovski

На 11 март 1941 починал Јосиф Михајловиќ – Јурукоски Тресонче, Гостиварско, тој е еден од позначајните тресончани кои живееле во периодот меѓу двете светски војни

Sase Ivanovski

Во јануари Турците биле најбројни странски туристи во Македонија

Sase Ivanovski

Анализа: Што би можел да понуди Трамп за да се реши косовското прашање?

Sase Ivanovski

Трамп: Ќе зборувам со Путин, ама за танго се потребни двајца

Sase Ivanovski

Прва реакција од Москва: Не исклучуваме контакти со американските претставници неделава

Sase Ivanovski

Брисел ќе ја спасува автомобилската индустрија, најави голем план

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илон Маск: Имаме огромен федерален буџетски дефицит, тоа е дефицит од 2 трилиони долари

Sase Ivanovski

Петрушевски со напад се правда зошто не дошол на средба со Трендафилов од ССМ: Само лажете, како опозициски портпарол

Sase Ivanovski

Киев ги објави деталите од договорот за прекин на огнот, топката е во Москва

Sase Ivanovski

„Важен чекор кон мирот“: Европа го поздрави напредокот во разговорите околу Украина

Sase Ivanovski

Папата веќе не е во животна опасност, објави Ватикан

Sase Ivanovski

СДСМ, Трајчулески: Довербата во судството нема да се врати со смена на пет луѓе од Судскиот совет, туку со реформи

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски до Трендафилов: Вие како портпарол на СДС само лажете

Sase Ivanovski

Поранешниот претседател на Филипини, Дутерте, уапсен по налог на Меѓународниот кривичен суд

Sase Ivanovski

Студентите ги блокираа влезовите на јавните сервиси во Белград и Нови Сад, силно полициско присуство во зградите

Sase Ivanovski

Трамп коин: Инвестициска можност или политички маркетинг?

Sase Ivanovski

Големи падови на светските берзи по распродажбата на Волстрит предизвикана од тарифите на Трамп

Sase Ivanovski

Повредениот полицаец пред РТС го удрил негов колега во униформа (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Сосема e неизвесно дали членовите на Судскиот совет ќе дадат оставки на своите функции

Sase Ivanovski

Ставовите на Пендаровски, кои се широко распространети низ Европа, па и во САД, не се анти-американизам

Sase Ivanovski

Само седум земји ги исполнија стандардите за квалитет на воздухот на СЗО во 2024 година

Sase Ivanovski
Вчитувам....