Вкупно 53.939 Палестинци се убиени во Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година а 122.800 се повредени, извести Министерството за здравство. Во известувањето на Министерството, се наведува дека 38 загинати биле донесени во болниците изминатите 24 часа, како и 204 повредени. Многу од жртвите се уште заробени под урнатините на патиштата и спасувачите не можат да дојдат до нив, наведуваат оттаму.
Израелската армија ги продолжи нападите врз појасот Газа на 18 март и оттогаш уби 3.785 луѓе а повредени се 10.756. Ова се случува после постигнатиот договор за размена на затвореници од јануари. Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд објави потерница за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.