Поддршката за претседателот Доналд Трамп падна на најниско ниво од неговото враќање во Белата куќа, бидејќи Американците покажаа знаци на претпазливост поради неговите напори да ја прошири својата моќ, покажа анкетата на Ројтерс/Ипсос. Околу 42 отсто од испитаниците во шестдневната анкета го одобруваат работењето на Трамп како претседател, што е пад во однос на 43 проценти во анкетата на Ројтерс/Ипсос спроведена три недели претходно и во однос на 47 отсто во часовите по неговата инаугурација на 20 јануари.
Околу 83 проценти од 4.306 испитаници изјавиле дека американскиот претседател мора да ги почитува одлуките на федералниот суд, дури и ако не сака. Службениците на администрацијата на Трамп би можеле да се соочат со обвиненија за непочитување на судот поради кршење на налог на федерален судија со кој се запираат депортациите на наводни членови на венецуелска банда кои немале можност да ја оспорат својата депортација. Три четвртини од испитаниците изјавиле дека Трамп не треба да се кандидира за трет мандат, пат по кој Трамп рече дека би сакал да оди, иако тоа му е забрането со американскиот Устав. Мнозинството републикански испитаници, 53 проценти, изјавиле дека Трамп не треба да се кандидира за трет мандат.