Здравствените ризици се ниски и овие дијагностички начини се корисни за да се добие вистинската дијагноза. Нема докази дека рендгенските зраци се причина број 1 за рак. Научниците веруваат дека интеракцијата на многу фактори заедно предизвикува рак. Вклучените фактори може да бидат генетски и еколошки. Универзитетот „Стенфорд“ е дециден – нема една причина што предизвикува рак! Некои медицински снимања, вклучително и рендген, нè изложуваат на мали количини на јонизирачко зрачење. Но, здравствените ризици се ниски и овие дијагностички начини се корисни за да се добие вистинската дијагноза. Нема докази дека рендгенските зраци се причина број 1 за рак, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме, пишува Вистиномер. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Дојдовме до стадиум кога забарите не ве примаат без рендгенска снимка а причинител на рак број еден се рендгенските зраци. И други доктори бараат рендген, се правдаат дека зрачењето е мало.
Некои медицински снимања, вклучително и рендген, нè изложуваат на мали количини на јонизирачко зрачење. Но, здравствените ризици се ниски и овие дијагностички начини се корисни за да се добие вистинската дијагноза. Нема докази дека рендгенските зраци се причина број 1 за рак, наспроти наведеното во објавата што ја рецензираме. Cancer research пишува дека зрачењето од медицинските снимања (како што се рендген и КТ скенови) малку го зголемува ризикот од рак. ОКОЛУ 6 ОД 1.000 ВИДОВИ НА РАК ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА СЕ ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ ТИП НА ЗРАЧЕЊЕ. НО, МЕДИЦИНСКИТЕ РЕНДГЕНСКИ СНИМКИ И СКЕНИРАЊАТА СЕ МНОГУ ВАЖНИ ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА БОЛЕСТИ. ПРИДОБИВКИТЕ ОД ПРАВИЛНОТО ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ ЗДРАВСТВЕНИ СОСТОЈБИ ЈА НАДМИНУВААТ СЕКОЈА ПОТЕНЦИЈАЛНА ШТЕТА ОД СКЕНИРАЊЕТО. ЗДРАВСТВЕНИТЕ РИЗИЦИ ОД МЕДИЦИНСКИТЕ СКЕНИРАЊА СЕ МАЛИ. ОПШТО ЗЕМЕНО, КОЛИЧИНАТА НА ЗРАЧЕЊЕ ОД МЕДИЦИНСКИТЕ СЛИКИ Е ПОМАЛА ОД ОНА НА ШТО СМЕ ПРИРОДНО ИЗЛОЖЕНИ СО ТЕКОТ НА ВРЕМЕТО, ПИШУВА CANCER RESEARCH.
Како и кај рендгенот, КТ скеновите користат зрачење. На некои сајтови од приватни здравствени установи во земјава, се наведува дека компјутерската томографија е безбедна бидејќи нивото на зрачење е премногу мало и контролирано поради софистицираните апарати. Нивото на зрачење е премногу мало и контролирано. Софистицираниот апарат за компјутерска томографија во Општата болница Еуроиталиа овозможува современо и безбедно снимање. Компјутерската томографија ( КТ ) не е препорачлива кај бремени жени. Доколку имате вградено пејсмејкер или некакви метални импланти ( вештачки колк, колено, импланти во пределот на окото, ортопедски плочки, шипки или штрафови ) за Вас компјутерската томографија како снимање е сосема безбедна метода, пишува на сајтот на една приватна болница во земјава. Во врска со рендгенското снимање, исто така се наведува дека овој тип на снимање е сосема безопасен. Дигиталниот рендген емитира рендгенско зрачење кое е сосема мало и контролирано. Но доколку сте, или мислите дека сте бремени или имате некое специфично заболување, тогаш задолжително известете го нашиот тим пред самата процедура, апелираат од болницата. Доктор Томе Андонов за еден медиум во земјава пишува дека „при рендгенските испитувања се користат многу ниски дози на радијација, 10.000 пати помали од дозата потребна за развивање на радијациска болест или рани на кожата“. Се смета дека при рендгенските испитувања има минимален ризик за зголемување на првобитната природна веројатност за настанување на рак. Ризикот зависи и од местото и областа којашто се зрачи, пишува тој. Рендгенските снимки, кои формално се нарекуваат радиографија, се вообичаени процедури за снимање нарачани од даватели на здравствени услуги и стоматолозите. Рендгенските машини поминуваат со рендгенски зраци (форма на јонизирачко зрачење ) низ дел од телото за да создадат слики. Овие слики им овозможуваат на давателите на здравствени услуги и на стоматолозите да видат дали има проблеми, како скршена коска или шуплина. Давателот на здравствена заштита може да препорача рендген за да се дијагностицираат фрактури на коски, тумори, повреди или знаци на пневмонија во белите дробови. Рендгенските снимки исто така често се рутински дел и од стоматолошки преглед, така што вашиот стоматолог може да забележи какви било рани знаци на проблеми.Стоматолозите прават рендгенски снимки за да проверат дали има кариес или други проблеми со забите. Колку често ви требаат рендгенски снимки кај стоматолог зависи од вашата историја на здравјето на забите, ризиците или симптомите и вашата возраст. Децата обично имаат потреба од рендгенско снимање, бидејќи нивните заби и вилици сè уште се развиваат, пишува на сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД.
На сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести на САД, се наведува дека ризикот од развој на рак поради изложеност на медицински снимки и процедури, е постоечки, но мал. Студија за 13 држави и Обединетото Кралство покажа дека во Обединетото Кралство околу 0,6 проценти од кумулативниот ризик од рак до 75-годишна возраст може да се атрибуира на рендгенски снимки при дијагностика. Тоа е 700 случаи на рак годишно во Обединетото Кралство. Во 13 други развиени држави дел од истата студија проценките за атрибуираниот ризик се движат од 0.6 до 1,8 проценти, а во Јапонија, каде има најголема изложеност на овие зрачења, е повеќе од 3 проценти. Меѓу главните причини за појава на рак се генетиката, употребата на тутун, диетата, недостигот на вежбање, пиењето алкохол, загадувањето на воздухот, инфекциите, хемикалиите за домаќинство. Меѓу нив е и зрачењето ама со високо ниво. Вообичаени извори на зрачење се сончевите ултравиолетови зраци. Универзитетот „Стенфорд“ е дециден – нема една причина што предизвикува рак! Научниците веруваат дека интеракцијата на многу фактори заедно предизвикува рак. Вклучените фактори може да бидат генетски и еколошки. Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Изор: Новинска агенција МЕТА