„Се надевам дека ќе имаме измени и дополнувања кои ќе ги унапредат правата и можностите на младите. Главната цел е нивна поголема вклученост во политичките процеси и донесувањето одлуки што директно ги засегаат“, прецизираше во своето излагање Љупчо Ристески, член на ГК при УМС во вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува – УМС“ на тема „Активното учество и вклученоста на младите во политиката“. Ристески ги истакна заложбите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку низа мерки и проекти насочени токму кон младите.
„Ќе ги издвојам заложбите на нашата Влада, кои се реализираат преку голем број мерки и проекти – дел веќе започнати, дел планирани. Веќе на самиот почеток го формиравме Министерството за спорт – бидејќи спортот најмногу го практикуваат младите. Исто така, во Министерството за труд и социјална политика беше додаден дел за млади и демографија“, истакна Ристески. Тој најави и реактивирање на мерката „Купи куќа“, како и нова иницијатива од Министерството за дигитална трансформација.
„Во план е отпочнување на постапка за доделување ваучери во износ од 250 евра за електронски уреди наменети за студентите“, истакна Ристески. На локално ниво, Ристески ги истакна активностите на општините управувани од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. „На локално ниво, општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ активно вложуваат во младиот кадар преку изградба на градинки, реновирање на училишта, стипендирање спортисти и финансиска поддршка за млади брачни парови“, заклучи Ристески.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ