Заменик министерот за економија Марјан Ристески вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека новата мерка на Владата за ограничување на маржите на над 100 групи на производи и замрзнување на цени на основни прехрамбени продукти, ќе донесе намалување на цените до 10%. Во однос на жестоките реакции на трговците, заменик министерот истакна дека одлуката е веќе донесена и истата ќе се спроведува.
„Реакциите гледаме дека се многу бурни од трговците и дистрибутерите меѓутоа јас не видов да, кога се дозволи тие самите продуцираат мерка како акција за намалување, да покажат општествена одговорност кон граѓаните. Не видовме такво однесување и по медиуми да си ја одбранат својата мерка“, вели Ристески. Како што вели, преку 20 маркети им доставиле предлози за намалување на цените и сите биле различни. „За такви намалувања не мора да чекаат одлука на Влада, можеа да го направат тоа самоиницијативно“, вели Ристески.