На синоќешното емитување на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува’’, гостуваше министерот за спорт, Борко Ристовски. Министерот истакна дека е задоволен од работата досегашна на новоформираното министерство кое главна карактеристика му е спортот. Тој искажа благодарност до неговиот тим и работата која ја извршуваат за младите генерации и развивање на спортскиот дух.
„Салата Расадник е во солидна фаза на реконструкција, до најдоцна ноември таа сала ќе биде во функција. Салата во Радовиш ја завршивме во експресно време за само 50 дена, иако беа предвидени 6 месеци за истата. Во однос на салата на УКИМ, можам да кажам дека ние како министерство ја преземавме работата во однос на салата, изминатите скоро 10 години, од не знам кои причини, таа сала не беше пипната, но како и да е пред празниците го добивме проектот од УКИМ за реконструкција и во најбрз можен рок ќе објавиме повик за тоа кој ќе ја реконструира салата и сметам дека до првиот студентски ден би требало да се пушти во употреба’’, најави Ристовски. Ристовски кажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу вложува во спортот и потенцираше дека ова нема да запре, туку ќе се продолжи и во иднина.
„Со средствата од Владата, ја реконструираме салата во парк, односно салата на КК Работнички, до крајот на годината планираме да отпочнеме со барем 3 спортски сали, едната ќе биде во војната академија во Аеродром, една во Струмица и една за боречки вештини во Бутел. После 10 години, ќе го завршиме и базенот во Охрид. Ова е доказ дека се грижиме за цела Македонија, а не само за Скопје’’, потенцираше министерот. Ристовски дополни и за укинувањето на рекламите за спортски обложувалници, казина или игри на среќа, каде што тие се укинати, а според министерот, тоа е еден чекор плус во тоа да се оттргнат младите од овој порок.
„Ја разбирам таа идеа на тие обложувалници, казина и брзи кредити, да се рекламираат, но мора да се стави линија и да се каже јасно дека никој не може да биде над интересите на државата, никој не може да биде над јавниот интерес и никој не може да биде над, според мене, правење на здрава иднина за нашите најмлади деца и тоа е тоа кое што ме водеше во таа ситуација и гледате дека ги прекинаа истите’’, појасни Ристовски.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ