Водителот Томче Ширков, Заменик Претседавач на Претседателството на Родина Македонија, го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека сега пере раце од „независната“ Данела Арсовска, а повторно поддржува независна кандидатка која не е член на партијата:
Ширков: „ВМРО баш како Понтиј Пилат пере раце. Не знам, велат, граѓаните ја гласаа таа е независен кандидат.“Никовски: „Тоа не е точно. Да не беше ВМРО таа немаше никогаш да победи.“Ширков: „А, така, буквално во центар.“Никовски: „Одговорноста за Данела како градоначалничка на Скопје е на ВМРО. Тоа, јас мислам дека никој не го негира и никој не го игнорира тоа“.
Понатаму, Никовски укажа дека тој лично би сакал да има опозиција со подобар лидер, ама дека едно се желбите, а друго е реалноста: „Јас би сакал да биде поинаква, јас би сакал да има подобар лидер, да има подобро извршно биро, ама тоа е тоа. Едно е што се наши желби и соништа а друго е реалноста“, изјави Никовски.За Ширков кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е „неподобна“ затоа што „не сака дури ни да стане член на ВМРО-ДПМНЕ“, и затоа што „играла за Сорос“.