Реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу ракометарите на Алкалоид и АЕК Атина, не се одигра. Екипата на АЕК од Грција не сакаше да излезе на теренот и мечот беше откажан. РК Алкалоид е во комуникација со Европската ракометна федерација и во моментот кога ќе имаме официјална информација за целиот случај истата ќе биде објавена.
– Почитувана публико, огромна благодарност за вашата поддршка која ни ја дадовте во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва. Беше убаво да се видат полни трибини, како во еден глас навиваат за нашиот клуб и даваат поддршка. За жал, не по наша вина, финалниот натпревар со РК АЕК од Атина не се одигра поради тоа што противничкиот тим не сакаше да излезе на терен и да го одигра реваншот.
Нашиот клуб е во константна комуникација со ЕХФ за понатамошниот исход од дуелот и за него ќе бидете известени преку нашите официјални клупски гласила. Уште еднаш, големо БЛАГОДАРИМЕ за сите што дојдовте во сала и му ја дадовте Вашата поддршка на РК Алкалоид! Тажни сме затоа што немавме можност да се надигруваме на терен, ама душата ни е полна кога ќе ги погледнеме овие моменти на трибините! Ви благодариме од срце – објавија од РК Алкалоид.

