Денеска од 17.00 часот ракометарите на Алкалоид во Романија против Минаур Баја Маре ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналето во Европскиот куп. Тренерот на екипата Кирил Лазаров не може да смета на еден од своите најдобри играчи, Марко Митев кој се здоби со тешка повреда во репрезентативниот меч против Словенија. Македонскиот претставник има шест победи од шест натпревари во ова клупско натпреварување, елиминирајќи ги Драгунас Клаипеда (Литванија), Вест Виена (Австрија) и Бриксен (Италија).
Составот на РК Алкалоид за денешниот меч: Џонов, Петров, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов, Стојковиќ, Ѓоргиев, Велковски, Ивановски, Бинго, Оливера Е. Силва, Петковски, Савревски. Во останатите четвртфинални средби се среќаваат: Олимпијакос (Грција) – Рунар (Норвешка), Извиѓач (Босна и Херцеговина) – Хаукар (Исланд) и Партизан (Србија) – АЕК Атина (Грција).