Македонскиот ракометен суперлигаш, Алкалоид се огласи по денешното крунисување во Европскиот куп.
Европската ракометна федерација (ЕХФ), иако со задоцнување, сосема заслужено го прогласи Алкалоид за победник во третото по квалитет континентално клупско натпреварување.
Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!
По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.
По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10:0 голови и од 2:0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!
Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба! – објави РК Алкалоид.
Македонскиот тим на првиот натпревар, во Атина победи со 29:25.
Општина Аеродром и кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје – Аеродром“ вечер организираат традиционална средба со шампионскиот тим вечерва во 19:00 часот пред платото пред хотелот „Русија“.
– Идејата за средба со кошаркарите на МЗТ е заеднички да ја прославиме нивната дванаесетта титула на МЗТ. Ова е совршена можност фановите да се сретнат со своите спортски херои – кошаркарите и тренерите кои уште еднаш ја одбранија бојата на клубот и ја исполнија Општината со гордост. На средбата се очекува потпишување автограми, заедничко фотографирање, како и добра музика и одлична атмосфера, информираат од Општина Аеродром.
Настанот е отворен за сите навивачи, семејства, деца и сите што сакаат да бидат дел од ова спортско славење.