Во решавачкиот натпревар за титулата во македонската ракометна Суперлига екипата на Еурофарм Пелистер во Скопје триумфираше над Вардар 1961 со 32:30. На тој начин битолскиот тим ја одбрани титулата освоена од минатата натпреварувачка сезона. Составот на Алонсо пред овој дуел против скопските „црвено-црни“ немаше друга опција освен победа. Во текот на првото полувреме домашните играчи имаа и „плус пет позитива“ (15:10).
Еурофарм Пелистер намали нешто од негативата и на пауза Вардар замина само со 17:15 предност. И вториот дел Вардар контролираше минимално водство воглавно од еден гол разлика, а при 25:24, два гола врзаа гостите за нивна предност по што се влезе во неизвесна завршница. Двата тима се менуваа во водство, а при 29:28 за Вардар, повторно Еурофарм Пелистер постигна два голови во низа за 30:29.














