Прекрасен: новиот „шоу“ автомобил ја прикажува авантуристичката верзија на семејното SUV возило. Надвор од асфалтот: екстра робустен дизајн направен за груби патишта. Експерти во својата област: тимот на Opel и XS и дава на Frontera GRAVEL уникатен изглед. Јавна премиера: Frontera GRAVEL на XS CARNIGHT Wörthersee на 30 мај. Таа е робустна и нуди многу простор. Електрифицирана во секоја верзија и затоа е идеално опремена за исполнување на барањата на секојдневниот живот, како што може да се види во паневропската кампања за лансирање.
Opel Frontera GRAVEL е смел „шоу“ автомобил кој покажува како би можела да изгледа една верзија на семејниот SUV подготвена за авантура. Поостарa, поцврстa, создадена за авантури надвор од асфалтот, ова е чувството што го пренесува Frontera GRAVEL. Дизајнирана од Opel во Russelsheim за својата заедница на ентузијасти во соработка со партнерите во моторспортот BlackFish и XS, затоа е сосема соодветно што Frontera GRAVEL ќе го има своето прво јавно појавување пред љубители на автомобили на XS CARNIGHT Wörthersee на 30 мај. „Новата Opel Frontera е веќе се издвојува. Робусна, практична и совршена за семејства и секојдневни авантури. Но, со „шоу“ автомобилот Frontera GRAVEL, ги поместивме границите, замислувајќи поцврста, посмела, пионерска верзија. Овој концепт е изграден за да ја испровоцира нашата база на обожаватели и да ја тестира побарувачката за посмела, поцврста Frontera во иднина. Сè е поврзано со слобода, авантура, возбуда и поместување на границите“, изјави Rebecca Reinermann, потпретседател за маркетинг на Opel и Vauxhall. Подготвени за нови авантури со изложбениот автомобил Frontera GRAVEL
Робусниот изглед е дополнително нагласен со винч и кука монтирани напред, странични кутии за складирање на задниот дел и робустни кровни носачи во решеткаст стил дизајнирани да го максимизира капацитетот за носење дополнителна опрема за сите авантури. Дополнителни надворешни светла се монтирани на носачот Thule Canyon XT и на капакот на моторот, обезбедувајќи одлична видливост за возење ноќе по груб терен. Темата на смел, но остар дизајн продолжува и во ентериерот. Тука, специјалистите на XS воведоа моќни контрасти. Возачот и совозачот можат да уживаат во удобни седишта, украсени со микрофибер со светли портокалови детали, додека облогата е целосно црна. Сите оние кои сакаат да бидат меѓу првите што ќе ja видат Opel Frontera GRAVEL во живо, можат да го сторат тоа во наредните денови. На XS CARNIGHT Wörthersee, кој се одржува од 28 мај до 1 јуни во близина на Klagenfurt, Австрија, Opel и тимот на XS ќе го претстават непогрешливиот „шоу“ автомобил на пошироката јавност за прв пат во петок, 30 мај, во салата Opel на трговскиот саем во Klagenfurt.