МАКТЕЛ

     

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

      

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од мајките на загинатите деца побара одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и од сите надлежни институции. „Кој дозволи нашите ангели да ги убијат? Кој потпишува документи дека нашите ангели се безбедни на јавни и нејавни простори? Сакам одговор од сите институции. Ние како мајки не се плашиме, бараме да ни дадете одговори“, рече таа, додавајќи дека и покрај стравот од можен притвор, нема да се откаже од барањето правда. На прашање зошто мисли дека може да биде притворена, мајката одговори дека слушнала закани дека родителите на малолетните деца кои следниот ден по несреќата демолираа кафуле во сопственост на газдата на импровизираната дискотека, ќе бидат лично гонети.

На прашањето зошто мисли дека ќе ги притворат, таа на новинарите им рече да го прашаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Бирото за јавна безбедност. На протестот се обрати и друга мајка, која рече дека болката по изгубените деца е огромна и дека родителите немаат што да изгубат бидејќи ги изгубија нивните најмили, нивните деца. „Единствено што сакаме е правдата да има имиња и презимиња. Дали треба ние родителите да ви помогнеме или сами да ја земеме правдата во свои раце?“, праша таа, додавајќи дека родителите бараат одговорност за сите инволвирани во случајот. Таа ги праша обвинителите што го водат случајот „колку вреди еден млад човечки живот во оваа скапана држава“ и дали толку се безвредни животите на нивните деца за властите да ги пуштаат од притвор осомничените мислејќи на префрлањето во домашен притвор на голем дел од функционерите пред празникот Велигден. Таа посебно се осврна на нејзиниот син Томас Златков, кој е еден од настраданите и чија слика ја држеше во рацете.  Го опиша како спортски и ведар млад човек, верен навивач на фудбалскиот клуб Осогово.

   

„Томи не знаеше, а ни ние не знаевме, дека треба да го заштитиме од злото кое постои во нашиот град“, рече таа. „Не знаевме колку злобни и лоши луѓе има во овој град Кочани, колку се корумпирани и ги убија нашите деца. За овој масакр, мора да одговараат сите соучесници на монструмотт, дали биле прв ред, втор ред, секој до еден, заттоа што ги убија овие млади чесни невини деца“, додаде мајката. Инаку, според анкетата на агенцијата Маркет вижн и интернет порталот Мкд.мк, 53 отсто од испитаниците сметаат дека надлежните институции, МВР и обвинителството брзо и ефикасно преземале мерки за утврдување на одговорноста по трагедијата во Кочани. Од друга страна 33 отсто не се согласуваат со тоа тврдење, 12 отсто рекле дека немаат доволно информации за да одговорат, а 2 отсто не сакале да одговорат.

На 16 март 2025 година, околу 2:35 часот по полноќ, во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани избувна пожар за време на концерт на бендот ДНК. Во трагедијата загинаа 62 лица, меѓу кои шест малолетници а околу 200 беа повредени. Пожарот беше предизвикан од искри од внатрешни пиротехнички средства од кои се запали таванот што доведе до брзо ширење на огнот и густ чад. Во клубот имало околу 650 лица, иако биле продадени само 250 билети, што значи дека капацитетот бил значително надминат. Во досегашната истрага се осомничени 68 лица, меѓу кои и поранешниот министер за економија кој е во притвор, но и тројцата поранешни градоначалници на градот Кочани, кои се во домашен притвор како и поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат. Сегашниот министер за економија, надлежните полициски началници, како и сегашниот директор на ДПИ не се осомничени за овој случај. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Министерство за правда: Едукативна кампања – „Наша надлежност, твое право“,

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес-конференција на Ивона Кузмановиќ, членка на Советот на општина Прилеп од редовите на СДСМ.

Sase Ivanovski

Обраќање на претседателот Гаши на доделувањето сертификати за завршена Академија за пратеници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 1570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: И годинава подготвуваме настан за најмладите „На одмор сум, во Скопје сум“, вложуваме во културата

Sase Ivanovski

Дурмиши:Безбедноста и здравјето на работниците е наш фокус, дигитализацијата на работниците процеси ќе овозможи отварање на нови работни места

Sase Ivanovski

Герасимовски: Противпожарната обука и брзата реакција се клуч за безбедноста на институциите и вработените

Sase Ivanovski

МЗ Галичник: Ургентно известување за свлечиште на главниот пат во Галичник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деловните простории во центар на Скопје кои Левица ги купи по багателна цена, не биле подрумски, туку високо приземје каде отвориле и локал

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Посветената и чесна работа на Владата препознаена и признаена од граѓаните, последната анкета покажа огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анекти се платени манипулациите на Маркет Вижн

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со дрзок обид за злоупотреба на чувствата на народот, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правадата и законите

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија осварува средби со граѓаните,членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“ во Демир Капија и Гевгелија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС држи пресови кои се алиби за покривањето на неработата и неспособноста на нивните градоначалници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче се гордее со неговиот претходник и ја следи попустливата политика на Заев кон Бугарија

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца велешани во Струмица, извршиле кражба на возило во Велес и обид за кражба во куќа во Струмица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода две лица во Кичево затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци го оживеаја духот на Горан Стефановски во срцето на Дебар Маало

Sase Ivanovski

Таравари ги посети пациентите од трагедијата на Кочани во болницата “Чам и Сакура“ во Истанбул

Sase Ivanovski

Уставниот суд со поддршка на ЕУ отвора јавна дебата за Закон за Уставниот суд

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса за папата Франциск

Sase Ivanovski

Лобирањето за избор на нов папа се засилува, исходот понепредвидлив од кога било

Sase Ivanovski

СДСМ обвинува за притисоци врз нивните градоначалници пред изборите

Sase Ivanovski

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Sase Ivanovski

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Sase Ivanovski

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Sase Ivanovski

Бегство во иднината

Sase Ivanovski

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Sase Ivanovski

ДИМИТРОВСКИ: АКО ЕВРОПА САКА МИР ВО СВОЈОТ ДВОР, МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ НЕ МОЖАТ ДА СЕ ЗАОБИКОЛАТ ИНФРАСТРУКТУРНО

Sase Ivanovski

Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите

Sase Ivanovski

Осомничениот за убиството во џамијата во Франција се предаде на полицијата во Италија

Sase Ivanovski

ПО 14 ГОДИНИ ВО „ИЗОЛАЦИЈА“, СИРИЈА ДОБИВА ШАНСА ЗА ВТОР ПОЧЕТОК: Саудиска Арабија и Катар ќе го отплатат сирискиот долг

Sase Ivanovski

НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“

Sase Ivanovski

Шмихал: Договорот за минерали со Вашингтон нема да ја вклучува претходната помош

Sase Ivanovski

Обвинение за убиство за 30-годишникот кој газеше луѓе на канадски фестивал

Sase Ivanovski

Трамп по средбата во Ватикан: Зеленски е подготвен да е откаже од Крим

Sase Ivanovski

Автомобил се преврте по сообраќајка во скопски Аеродром

Sase Ivanovski

Шокирани од мировниот предлог на САД, Украинците велат дека нема да прифатат предавање на Крим

Sase Ivanovski

1 милион долари 🔥 Стерео систем 🔥 Домашно аудио поставка за висококвалитетни аудиофили

Sase Ivanovski

Како е основан ФИНКИ?

Sase Ivanovski

Стартап Револуција ја доби наградата за најдобар поткаст! 🎙️

Sase Ivanovski

ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЛОШО МЕНАЏИРАЛ СО МВР?! Продавачка станала шефица на кабинет, учителка станала помошник министер во МВР

Sase Ivanovski

Padre Guilherme, свештеник и диџеј кој пушти сет пред Christ The Redeemer

Sase Ivanovski

Иран: Бројот на загинати во експлозијата се искачи на 40

Sase Ivanovski

Нетанјаху и Кац го потврдија нападот врз складиштето за ракети на Хезболах во Бејрут

Sase Ivanovski

ДУИ: Локални заедно со парламентарни избори на есен е решението за стабилност на земјата

Sase Ivanovski

73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Sase Ivanovski

( ВИДЕО) Инфомакс: Новото раководство на полицијата во Штип заборавило да овозможи пристапен пат за итни медицински ситуации

Sase Ivanovski

Се степаа тренерите на Вардар и Шкупи! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Алкалоид по пенали до ФИНАЛЕ на Европскиот Куп на ЕХФ!

Sase Ivanovski

Јотова: Геополитичкиот притисок е на линија на забрзано примање на нови држави во ЕУ. Но, тоа може еден ден многу скапо да не чини

Sase Ivanovski

Анкета: Значителен пад на рејтингот на Трамп во првите сто дена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Амстердам – Каква атмосфера на Денот на кралот!

Sase Ivanovski

Кремљ: Позициите на Трамп и Русија за Украина се преклопуваат на многу начини

Sase Ivanovski

Во Виена Тино & Атанас добија нарачка од публика за виц за Тимчо Муцунски

Sase Ivanovski

На денешен ден умрел Гаврило Принцип

Sase Ivanovski

НЕВЕРОЈАТНО АРХЕОЛОШКО ОТКРИТИЕ НА БАЛКАНОТ: ПРОНАЈДЕН Е ИЗГУБЕНИОТ ГРАД НА КРАЛЕВИТЕ

Sase Ivanovski

Меѓународната асоцијација Галуп: Граѓаните во Босна и Херцеговина се најхигиенски свесни Европејци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Жителите во Газа се соочуваат со ескалација на тешкотии поради продолжениот конфликт и блокадата на хуманитарната помош

Sase Ivanovski

Рубио: Нови санкции против Русија би ја продолжило војната за уште две години

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Договорот со Иран мора да вклучува уништување на нуклеарната инфраструктура

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таравари од Истанбул: Пациентите, Борис и Мартин, се во тешка, но стабилна состојба

Sase Ivanovski

За 10 години власт на Трудо, БДП на Канада пораснал за само 1%?!

Sase Ivanovski

Во Иран полн резервоар чини 1 евро?!

Sase Ivanovski

Македонски лик во Симпсонови

Sase Ivanovski

По една година негирање, Русија го признава учеството на севернокорејски трупи во Украина

Sase Ivanovski

ФФМ: Гостивар грубо ја изневери фудбалската јавност и фер-плејот, криминалот ќе биде целосно исчистен!

Sase Ivanovski

Пандев: Чест беше да се игра против најдобрата генерација во историјата на бугарскиот фудбал

Sase Ivanovski

Лавров: Русија ќе продолжи да ги напаѓа објектите што ги користи украинската армија

Sase Ivanovski

Дали Емануела Орланди била жртва на педофилијата -најголемиот скандал во историјата на Ватикан ќе биде закопан со папата Франциск

Sase Ivanovski

Роберт Сансоне, на 17-годишна возраст, изгради електричен мотор без магнети, кој испорачува 39% повеќе вртежен момент и до 37% поголема ефикасност од традиционалните дизајни

Sase Ivanovski

Лери Бирд беше ТОП, НБА играч‼️

Sase Ivanovski

Изјава на министерот Арбен Таравари по посетата на двајцата млади пациенти од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во болницата Чам ве Шакура во Истамбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ОД ПОЛИЦАЈЦИТЕ НА ПОГРЕБОТ НА ПАПАТА НОСЕШЕ ПУШКА ПРОТИВ ДРОНОВИ

Sase Ivanovski

Балканците поседуваат свои домови, Европејците изнајмуваат

Sase Ivanovski
Вчитувам....