Одредени категории родители и старатели се ослободени од плаќање надомест за престој на нивните деца во двете детски градинки „Буба Mара“ и „Срничка“. Оваа одлука е донесена на последната седница на Советот на Општина Аеродром според која од плаќање се ослободени родителите на три деца запишани во градинката, како и самохрани родители со примања до една минимална плата или со други примања во износ до една минимална плата.
Покрај нив, за престој во градинка нема да плаќаат родителите кои се без приходи, но и родителите од кои едниот е без приходи, а другиот има примања до една минимална плата. Од надомест за градинка се ослободени и родители на деца со категоризација за тешкотии во развојот на детето/децата. Како што информираат од Аеродром, ослободувањето се однесува за периодот до 31.12.2025 година.