Ромската фондација за Европа упати длабоко сочувство до семејствата на жртвите во трагичниот пожар што се случи во Кочани. Во знак на поддршка и солидарност со погодените, фондацијата информираше дека ќе донира 10.000 евра. Средствата ќе бидат наменети за помош на семејствата на младите луѓе кои ги загубија животите во оваа страшна несреќа.
„Најдлабоко сочувство поради трагичната загуба на 59 млади животи во Кочани, Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја. Нашите мисли се со семејствата, заедниците и сите погодени од оваа незамислива загуба“, соопшти Фондацијата.